Фудбал

Пандев има нов тренер – поранешниот селектор на Италија ја презема Џенова

7. декември 2018 - 13:43 | МИА/КАЈГАНА

Џенова, 7 декември 2018 (МИА) – По лошите резултати на Иван Јуриќ, тој беше отпуштен од тренерската позиција во Џенова и на неговото место беше назначен поранешниот селектор на Италија, Чезаре Прандели

Поранешниот селектор на Италија ќе го одржи својот прв тренинг со својот нов тим попладнево. Пред да ја преземе Џенова, Прандели работеше во Ал Наср.

Чезаре Прандели има богато искуство во Серија А, каде во последните 20 години ги предводеше тимовите на Верона, Венеција, Парма, Рома и Фиорентина.

Под негово раководство, Италија освои сребрен медал на Еврото 2012.

Џенова во четвртокот испадна од Купот на Италија, откако загуби од третолигашот Виртус Ентела по изведувањето на пенали. Џенова доживеа дебакл на својот стадион „Луиџи Ферарис“ во натпревар од четвртото коло, а тренерот Иван Јуриќ беше сменет веднаш по мечот.

Хрватот беше на чело на Џенова од 9 октомври оваа година, заменувајќи го Давиде Балардини. По 11 кола во Серија А, Џенова е на 14 место на табелата.

Коментирај