Пандев: Кога изгубивме од Андора ми беше срам да се вратам во Лацио

Филип Здравески
/ 14.02.2023 / 14:30

Македонската фудбалска легенда се наврати на еден неславен настан од нашата фудбалска историја и опиша како му било кога фудбалерите беа поразени од фудбалскиот анонимус Андора.

Горан Пандев направи мега-интервју за порталот MozzartSport.com во кое раскажа многу работи, меѓу кои и тоа како било чувството кога македонската репрезентација го претрпе најголемиот срам во својата историја, поразот на гости кај Андора есента 2004 година.

На 13 октомври пред 18 и пол години Македонија гостуваше кај аутсајдерот Андора во рамките на квалификациите за пласман на Мундијалот 2006 во Германија. На тој натпревар се замина по едно одлично издание против Холандија во Скопје кога Македонија остана непоразена против гигантот играјќи 2:2, а токму Пандев даде еден од головите.

А таму, високо на Пиринеите, на малиот стадион „Ајшоваљ“ во градот Андора Ла Веља, наместо сигурна победа Македонија загуби со 1:0 благодарение на голот на Марк Бернаус на половина час пред крајот.

Пандев тогаш настапуваше за Лацио, беше еден од најдобрите играчи, а тренер му беше познатиот Делио Роси. Воопште не му било лесно да се врати во клубот по една таква бламажа.

„Загубивме од Андора, ми беше срам да се вратам во Лацио после таков пораз. Играш нерешено со Холандија и потоа губиш од аматерите од Андора?! Тоа може само нам да ни се случи... Се враќам во Рим и месец дена не можам да се составам после тоа, а Делио Роси ми се дере и ме прашува што ми е. Ми велеше да се откажам од репрезентацијата бидејќи и онака вечно бевме петти во група. Но, за мене репрезентацијата е светост“.

Пандев сепак подоцна се откажа од репрезентацијата, во годините 2014 и 2015 воопшто не играше, а се врати во 2016 кога тогаш новоназначениот селектор Игор Ангеловски го убеди повторно да го облече дресот со националните бои.

„Потоа кога Ангеловски дојде за селектор се промени и менталитетот на играчите. А, Лигата на нации им олесни на помалите земји како Македонија“, додаде Пандев.

Remote video URL
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Read more

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Read more

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Read more

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Читај повеќе

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе
  • play_arrow

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Читај повеќе

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Читај повеќе