Добри вести ни доаѓаат од Италија. И вториот тест за коронавирусот покажа дека македонскиот капитен не е заразен со коронавирусот.
Откако при тестирањето на целиот тим 14 фудбалери и членови на стручниот штаб излегоа позитивни, Џеноа направи и втор скрининг.
Денеска резултатите ги потврдија првите: истите 14 се позитивни, а сите останати се негативни на COVID-19. Тоа се добри вести за македонската репрезентија бидејќи нашиот Горан Пандев е меѓу негативните и останува во комбинација за баражот против Косово на 8 октомври.
Останува уште неизвесноста околу Елиф Елмас чиј тим е алармиран откако во неделата играа токму против Џеноа. Се чекаат резултатите од тестирањето извршено кај Наполи.