СЕРИЈА А 2020/21

Пандев нема да игра викендов, одложен натпреварот со Торино

Поради наездата на позитивни во таборот на Џеноа, Лега Калчо го одложи саботниот дуел од 3. коло на Серија А против Торино.

Горан Пандев одморен ќе може да ѝ се стави на располагање на репрезентацијата откако Лега Калчо го одложи натпреварот на неговиот клуб.

Иако правилото на УЕФА вели дека клубот кој има позтивни мора како знае и умее да се снајде и да собере 13 негативни фудбалери, од кое барем 1 голман, сепак Лега Калчо направи исклучок. Натпреварот помеѓу Џеноа и Торино закажан за в сабота од 18 часот нема да се игра и за него дополнително ќе се бара термин.

Бидејќи во клубот од Џенова има 11 заразени играчи, Лега Калчо одлучи и да внесе ново подправило на она од УЕФА. Кога во еден клуб ќе има 10 или повеќе позитивни фудбалери, ќе биде ослободен од обврската да се снаоѓа и да игра по секоја цена, но само при првиот таков случај. Тоа значи дека Џеноа веќе го искористува овој џокер. Доколку уште еднаш настане ваков голем кластер, тимот на Пандев ќе мора да состави тим како знае и умее или ќе го загуби натпреварот со службени 3:0.

Одложувањето можеби и добро ќе му дојде на Пандев. Со куп позитивно тој секако ќе играѓше против Торино, можеби и цели 90 минути. Вака, одморен ќе дојде за баражот против Косово на 8 месецов, а наредниот клупски предизвик му е дури на 19-ти и тоа кај Верона на гости.

реклама

Фудбал

Претседателот на ФИФА позитивен на COVID-19

Read more

Мурињо: Во Тотенхем нема место за примадони

Read more

МекТоминеј: Нема поента да го победиш ПСЖ ако одиграш лошо против Лајпциг

Read more

Извлечени четвртфиналните двојки во домашниот фудбалски куп

Read more

Спорт

Пелистер тесно поразен во првото коло на Европската лига

Читај повеќе

Претседателот на ФИФА позитивен на COVID-19

Читај повеќе

Официјално: Одложен натпреварот со ПСЖ поради двајца позитивни во Вардар

Читај повеќе

Мурињо: Во Тотенхем нема место за примадони

Читај повеќе

Ракометарите на Вардар не отпатуваа за Париз

Читај повеќе

МекТоминеј: Нема поента да го победиш ПСЖ ако одиграш лошо против Лајпциг

Читај повеќе

Извлечени четвртфиналните двојки во домашниот фудбалски куп

Читај повеќе
  • play_arrow

Рамос е најдобриот дефанзивец во историјата, според France Football

Читај повеќе
  • play_arrow

Модриќ не е загрижен за својата иднина во Мадрид

Читај повеќе