Пандев побара промени во ФФМ: Ќе се повлечам ако не се сменат некои работи

Најдобриот македонски фудбалер удри по луѓето во ФФМ откако на снежни услови неговиот клуб во саботата загуби од Работнички.

Горан Пандев синоќа на својот Instagram профил објави своевиден напад кон Фудбалската федерација на Македонија, обвинувајќи ги за негрижа кон клубвите од домашната лига.

Во саботата почна пролетниот дел од сезоната во 1.МФЛ, но се одигра само еден натпревар бидејќи снегот ги одложи петте натпревари закажани за вчера. Тој натпревар кој се одигра се играше на терен покриен со снег во Струмица каде Работнички славеше со минимални 1:0 над Академија Пандев со гол благодарение на грешка на домашниот голман.

„СРАМНО и ЖАЛНО.... уште еднаш докажавте дека вие сте нефудбалски луѓе, луѓе што не му мислат добро на македонскиот фудбал, туку ве интересираат само вашите лични интереси и затоа одлуките ви се вакви. Доста се криевте зад резултатите на репрезентацијата, сигурно паметот ви е уште во огромните премии што ги поделивте на наш грб, на грбот на репрезентацијата што гиневме за македонскиот дрес. Излезете јавно и кажете што направивте за македонскиот фудбал, за нашата (аматерска) лига, колку им помогнавте на клубовите во овој тежок период. Спремен сум, ако не се сменат некои работи, ако клубовите не одлучуваат во Фудбалската федерација, да се тргнам настрана...🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰“, напиша Пандев.

Ако пропуст на ФФМ е што дозволи натпреварот да се игра, тогаш дополнителен пропуст е што домашниот тим немаше ниту една црвена топка, каква што е задолжителна за играње на снег. Така, во Струмица фудбал се играше на снег, ама со обична топка.

Во нормална фудбалска земја, секој стадион, или клуб, поседува и колички за чистење на снег, па не ни мора да се игра на снег, но кај нас ни тоа го нема.

Инаку, од друга страна (не за снегот), она на кое алудира Пандев е и тоа што фудбалските клубови не се застапени во одлуките на Федерацијата. Во локалните Општински сојузи безмалку и да немаат глас и тоа е причината поради која бара промени. Поради истата причина неодамна во војна влегоа ФФМ и Агенцијата за млади и спорт која побара од Федерацијата да ги вклучи и прволигашите во одлуките кои се носат за тоа како тие треба да функционираат, бидејчи на крајот, тие трошат пари.

Да нема забуни, зборовите на Горан дека ќе се повлече доколку не се случат промени, значат дека ќе се повлече од вложувањето во Академија Пандев, клуб кој сам го направи, а не дека ќе се повлече од играњето за репрезентацијата сега пред историскиот настап на ЕУРО.

реклама

Баљум Баљум и Тетово велоград

Read more

Кран го донесе огромниот кревет во новата вила на Роналдо

Read more

Челси, Сити и Реал пред исфрлање од ЛШ, одлуката в петок

Read more

Трикови кои треба да ги знае секој кој кампува

Read more

Фудбал

Челси, Сити и Реал пред исфрлање од ЛШ, одлуката в петок

Read more

Озил: Детскиот сон е освојување на СП и ЛШ, а не на Супер лига

Read more

УЕФА, Премиер лига, Ла Лига и Серија А се обединија против Супер лигата

Read more

Претседателот на УЕФА е особено повреден од предавството на еден човек

Read more
 

Спорт

Челси, Сити и Реал пред исфрлање од ЛШ, одлуката в петок

Читај повеќе

Озил: Детскиот сон е освојување на СП и ЛШ, а не на Супер лига

Читај повеќе

УЕФА, Премиер лига, Ла Лига и Серија А се обединија против Супер лигата

Читај повеќе

Претседателот на УЕФА е особено повреден од предавството на еден човек

Читај повеќе

УЕФА го возвраќа ударот: Тешки санкции за учесниците во Супер лигата

Читај повеќе

Бајиќ е новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација

Читај повеќе

Тотенхем го отпушти Мурињо

Читај повеќе
  • play_arrow

YouTube ѕвездата Џејк Пол го нокаутира славниот ММА борач Бен Аскрен

Читај повеќе

Флорентино Перес: Супер Лигата ќе го однесе фудбалот на заслуженото место

Читај повеќе