СЕРИЈА А 2020/21

Пандев повторно добива нов тренер?

Лошите резултати на Џеноа се чини повторно ќе донесат промена за Горан Пандев кога станува збор за тренерското столче.

Нашиот најдобар фудбалер откако е во Џеноа смени повеќе тренери отколку во целата своја кариера, барем така изгледа. И сега повторно е на повидок нова промена.

И покрај засилувањата и солидниот состав кој го направи во летниот трансфер период, Џеноа бележи очајни резултати и по 9 кола е претпоследна со само 5 бода, односно 1 победа и 2 нерешени зачинети со дури 6 порази (меѓу кои и 6:0 од Наполи).

Синоќа „Блучеркјатите“ повторно загубија и тоа на домашен терен од конкурентот за испаѓање, Парма. Нашиот Пандев почна од клупата и влезе во игра во 69. минута кога гостите водеа со 1:2, но не успеа да помогне Џеноа да избегне пораз.

Remote video URL

Роландо Маран го презеде кормилото на Џеноа кон крајот на август, а информациите кои доаѓаат од Чизмата велат дека претседателот Енрико Прециози веќе го загубил трпението со него и на повидок е смена.

И тоа смената веројатно ќе биде со никој друг туку Давиде Никола, тренерот кој беше токму пред Маран. Никола ланската сезона успеа да избори опстанок со тимот, но беше сменет иако неговиот договор сѐ уште важи бидејќи е до 30 јуни 2021 година, па фактички Џеноа периодов дава плата на два тренера, од кои едниот бележи лоши резултати, а другиот не доаѓа на работа.

Што и да реши Прециози, и натаму ќе плаќа два тренера бидејќи со Маран потпиша на две години. Маран има еден џокер во ракавот, а тоа е одличниот резултат во Копа Италија каде успеа да го елиминира ривалот Сампдорија во градското дерби.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе