Пандев сака да остане во фудбалот и да работи како спортски директор или менаџер

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев во интервју за италијанскиот весник La Gazzetta dello Sport изрази желба да остане да работи во фудбалот, како спортски директор или како менаџер.

Тој не се гледа во улога на тренер.

 „Сакам да работам со деца, да им помагам, да ги советувам, да им пренесам дел од моето искуство“.

Пандев им се заблагодари на сите навивачи, претседатели, тренери со кои соработувал во неговата богата кариера.

„Сите тие ми дадоа нешто и јас тоа нема никогаш да го заборавам“.

Струмичанецот, кој од рана возраст почна интернационална кариера во Италија, и со исклучок на само една сезона, остана таму до крај, сака во следниот период да се посвети повеќе на семејството.

„Мојот најстар син има скоро 13 години и во текот на неговиот живот често го гледав само во периодот на пауза помеѓу едно првенство и друго. Сега сакам да уживам во семејството“.

Горан Пандев од Беласица на 18-годишна возраст замина во Интер. Играше уште за Специја, Анкона, Лацио, Наполи, Галатасарај, Џенова и Парма.

За македонската репрезентација има 122 настапа и 38 постигнати голови. 

реклама

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Фудбал

Роналдо во арапска носија изведе бедуински танц со меч

Read more

Mundo Deportivo: Модриќ наскоро ќе биде во тимот на Меси

Read more

Томас Милер има 100 победи во ЛШ

Read more

Роналдо не доби пенал, па му се налути на судијата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Џанг спектакуларно го нокаутира Џојс

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо во арапска носија изведе бедуински танц со меч

Читај повеќе

Mundo Deportivo: Модриќ наскоро ќе биде во тимот на Меси

Читај повеќе

Томас Милер има 100 победи во ЛШ

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо не доби пенал, па му се налути на судијата

Читај повеќе

Капело објасни зошто Јувентус има предност во трката за Скудетото

Читај повеќе

Дрес од МЗТ за градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс

Читај повеќе

И Интер добива сопственик од Блискиот Исток?

Читај повеќе

Хамилтон пред Јапонското ГП: Се надевам Ред Бул нема да биде 30 секунди пред сите

Читај повеќе