КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Пандев: Сакам да играм со Германија во Скопје пред полни трибини

Филип Здравески
/ 09.12.2020 / 12:51

Дали Горан Пандев повторно го одложи пензионирањето? Неговата е желба да игра на домашен терен против великанот Германија, натпревар кој е закажан за октомври наредната година.

Фото: ФФМ

Жрепката за квалификациите за Мундијалот во Катар 2022 ја смести македонската репрезентација во група со Германија, за прв пат овозможувајќи дуел со четирикратниот светски шампион.

Еден од оние кои го коментираа исходот од жрепката е капитенот Горан Пандев, кој најави желба која се коси со неговите планови за пензионирање после ЕУРО.

„Би сакал да играм со Германија во Скопје пред полни трибини. Оваа генерација пред себе има Европско првенство, но и шанси за добри квалификации и напад на второто место во оваа група“, рече Пандев, изјава пренесена од ФФМ.

Пандев ова го кажа пред да биде направен распоред на натпревари. УЕФА натпреварот Македонија - Германија го смести, неверојатно, на 11 октомври 2021, на денот кога го празнуваме почетокот на ослободувањто во Втората светска војна.

Скоро и селекторот Игор Ангеловски најави дека ќе проба да го убеди Пандев да не се пезионира, а очигледно групата по мерка сега го премислува и самиот Горан.

Квалификациската група е сосема поволна за Македонија. Германија е апсолутен фаворит, но било кој и да паднеше од првиот барабан секкао ќе беше фаворит за првото место, единствено кои носи директен пласман на Мундијалот. Затоа пак, ниту Романија, ниту Исланд, а уште помалку Ерменија и Лихтенштајн се непобедливи. Македонија има група во која е возможно да заврши втора, нормално, со многу труд и пот. Групоа која влева надеж за пласман во бараж и, зошто да не, нова историја, пласман на Мундијал.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе