СЕРИЈА А 2019/20

Пандев со 93. гол во Серија А, Наполи ја доби Рома

Најдобриот македонски фудбалер полека наближува до бројката од 100 гола во Калчото откако синоќа стрелаше прецизно на гостувањето кај Удинезе. Во дербито на денот, Наполи успеа да ја совлада Рома.

Горан Пандев и Илија Несторовски синоќа се разминаа. Првиот почна на клупата и влезе во игра во 59. минута и тоа само минута откако Иле беше изваден од игра.

Токму нашиот Горан во 81. минута постигна гол со кој ја врати надежта на Џеноа намалувајќи на 2:1. На крајот неговиот тим се избори за бод со гол од одбиена топка по промашен пенал длабоко во судиското надполнување. За Пандев ова беше гол број 93 во Серија А со што сега е на 7 гола од клубот 100. Ова му е осми гол сезонава, која му е и најефикасна откако е во Џеноа.

Remote video URL

Дербито на денот се играше во Неапол каде домашниот Наполи ја пречека Рома во популарното Дерби дел Соле. Хосе Каљехон во 55. минута донесе водство за домашните, но само пет минути подоцна Хенрих Мхитарјан израмни на 1:1. Трите бода за Наполи ги донесе Лоренцо Инсиње во 82. минута. Нашиот Елиф Елмас влезе во игра во 85-тата.

Remote video URL

Аталанта ја продолжи серијата победи откако со минимални 0:1 славеше на незгодното гостување кај Кањари. Победоносниот гол беше дело на Луис Муриел од белата точка откако младиот Андреа Карбони стартуваше недозволено и притоа ги остави домашните со 10 играчи.

Remote video URL

Фиорентина славеше на гости кај Парма со 1:2 во натпревар во кој сите голови беа постигнати од белата точка. Чилеанецот Ерик Пулгар во првиот дел двапати го совлада Луиџи Сепе, а за домаќините прецизен беше Јурај Куцка.

Remote video URL

По дури 14 натпревари пост екипата на Бреша конечно се израдува на победа. Со головите на Андреа Папети и Алфредо Донарума непријатно ги изненадува гостите од Верона кои планираа да се вратат дома со три бода.

Remote video URL

Интер им приреди ново разочарување на своите навивачи откако на свој терен прокоцка водство над Болоња и на крајот дури и загуби. Ромелу Лукаку во 22. минута донесе водство, потоа во 57. минута гостите останаа со играч помалку откако Роберто Соријано заработи директен црвен картон, а пет минути подоцна Лаутаро Мартинес промаши пенал за 2:0 откако голманот Лукаш Скорупски го одбрани неговиот удар.

Потоа на сцена стапија интернационалците од Гамбија, Муса Џувара и Муса Бароу кои се погрижија за целосен пресврт и големи три бода за тимот на Синиша Михајловиќ. Во меѓувреме, силите на теренот се израмнија откако Алесандро Бастони заработи исклучување.

Remote video URL

Сампдорија освои важни три бода во борбата за опстанок откако го совлада СПАЛ со 3:0. Сите три гола паднаа во првиот деч и тоа два од Карол Линети и еден од Маноло Габјадини.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе