УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2020/21

Пандев: Со победа утре ќе завршиме први во групата

Филип Здравески
/ 13.10.2020 / 13:33

Најдобриот македонски фудбалер на денешната прес-конференција најави дека утре Македонија ќе оди на победа против Грузија во борба за првото место во групата и покрај заморот поради згуснатиот распоред.

Фото: Петр Стојановски / ФФМ

Киксот во Талин ќе мора да се поправи утре, иако победа утре секако беше планирана. Нашиот капитен расположено најавува борба за трите бода.

Но, пеколниот ритам од три натпревари во 9 дена значи и дека утре, на последниот од тие три, можеби и двете репрезентации ќе се соочат со умор. Повторно се можни рокади во почетниот состав на селекторот Игор Ангеловски откако веќе е јасно дека неколкумина отпаднаа, а беа повикани и нови играчи..

„Сите што сме овде конкурираме за првите 11. Знаевме дека нѐ очекува еден пеколен ритам, играме секој трет ден и свесни бевме сите дека ќе добиеме шанса“, почнува Пандев.

Победата ја планираме, но таа треба да се одработи на терен. Грузија не само што во ноември ни е пречка за пласман на ЕУРО, туку и овде, во Лигата на нации ни е главен кокурент за првото место и пласман ранг погоре.

Фото: Петр Стојановски / ФФМ

„Ние на секој натпревар влегуваме 100 посто, сакаме да победиме, но имаме и противник, фудбал е и не може секој пат да победиш. Утре ни останува овој последен натпревар и мислам дека ако го добиеме ќе завршиме први во оваа група бидејќи тоа е наша цел и се надеваме дека со една добра игра и со победа ќе го завршиме овој дел“, смета Горан.

Пандев во Талин почна од клупата, шанса добија некои од резервистите, а можно е и утре да има промени во составот.

„Ги почитувам сите, и млади и стари, сите што сме во репрезентацијата. Овие што сме тука сигурно ќе го дадеме максимумот. Ни се придружија некои нови играчи, сигурно нивниот квалитет ќе ни помогне и се надеваме на еден добар резултат. Знаеме Косово колку и физички и психички нѐ истроши, но спремни сме утре да излеземе и да го добиеме овој натпревар“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе