СЕРИЈА А 2019/20

Пандев стигна до 90 голови во Серија А, уште 10 до легендите

Нашиот најдобар фудбалер со вчерашниот нов гол дојде до бројката од 90 голови постигнати во едно од најсилните првенства во светот.

Рома ја имаше честа да биде клубот против кој Горан Пандев ќе прослави 90-ти гол во Серија А. Македонската гордост со вчерашниот погодок сега е на само 10 голови од влез во легендите.

Досега 83 фудбалери успеале да дојдат до бројката од 100 гола во италијанската лига. Легенди како Силвио Пиола, Франческо Тоти, Гинар Нордал, Џузепе Меаца, Антонио Ди Натале, Роберто Баџо, тие имаат и над 200, а нашиот Горан би можел да влезе во клубот 100 доколку продолжи со исто темпо.

Пандев вчера го одигра 427-миот натпревар во Серија А. Своето деби го имаше во дресот на Анкона на 2 ноември 2003 година кога ги одигра последните 7 минути во ремито без голови дома со Сиена. Првиот гол во Серија А го постигна во поразот од 3:2 на гости кај Болоња на 7 декември истата година. Тоа му беше и единствениот гол во дваесетте натпревари во дресот на Анкона.

(на 1:58)

Наредните пет сезони ги мина во Лацио каде на 159 натпревари постигна 48 голови. Неславно се раздели, цел есенски дел од сезоната 2009/10 беше вон тимот откако клубот го условуваше дека нема да игра сѐ додека не потпише нов договор по што Лега Калчо пресуди во корист на Пандев кој веднаш премина кај Интер на Жозе Мурињо. Со Лацио еднаш ја освои Копа Италија.

Во Интер играше сезона и пол забележувајќи 47 настапи и 5 голови. Иако се задржа кратко, таму Пандев всушност ги забележќа најголемите успеси во кариерата. Триумфираше во Лигата на шампиони, Светско клупско првенство, го освои и своето единствено Скудето, потоа италијанскиот Суперкуп и двапати Копа Италија.

Следуваше трансфер во Наполи и 92 натпревара за три сезони зачинети со 19 голови. Со тимот од Неапол на двапати ја освои и Копа Италија.

По неславната авантура во турски Галатасарај во сезоната 2014/15, Пандев се врати во Италија, овој пат во Џеноа. Веќе петта сезона ги брани боите на „Грифоните“, а синоќа го одигра 110-тиот натпревар и го постигна 17-тиот гол.

(на 1:55)

Во Калчо лигата има уште 18 кола до крајот на сезоната. Доколку Пандев навистина планира ова да му биде последната сезона и да оди во пензија, тоа значи дека има уште 18 натпревари шанса да постигне 10 голови и да влезе во легендите.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе