Пандора Апостолоска Саздовска и Сашо Саздовски со самостојни изложби во Дубаи

Самостојната изложба слики, цртежи и инсталации „Утопија“ на визуелната уметница Пандора Апостолоска Саздовска и поставката скулптури и цртежи „Објекти“ на скулпторот Сашо Саздовски ќе бидат поставени во Галеријата за современа уметност Арт Хаб ОАЕ во Дубаи од 12 ноември.

Поставувањето на изложбите на двајцата истакнати македонски уметници се случува во исто време со Саемот за уметност во Абу Даби и Саемот за дизајн во Дубаи Дизајн Дистрикт Д3.

Изложбата ќе ја отвори г-ѓа Елма Алторок од Амбасадата на Република Македонија во Абу Даби. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија. Куратор на проектот е Златко Теодосиевски.

Делата на скулпторот Сашо Саздовски се засноваат на прашањето за бесконечноста како одраз на нашето ограничено постоење во времето и просторот. Огромните, апстрактни димензии надвор од нашето разбирање секогаш ги поттикнуваа експериментите на уметникот во потрагата по сопствени, уникатни одговори. Постојаниот проток на енергија е доста провокативен во неговото континуирано патување низ скулптурата. 

Проектот „Објекти“ на Сашо Саздовски е комбинација на мермер, дрво, метал и плексиглас. Неговите експерименти со различни медиуми се видливи и без оглед на нивната димензија тие имаат монументалност. Некои од скулптурите се решенија за идни архитектонски проекти.

Визуелната уметница Пандора Апостолоска Саздовска користи мултидисциплинарен приод во нејзината работа комбинирајќи сликарство, фотографија, објекти и инсталации. Нејзиниот стил е минималистички со монохроматска палета. Следејќи ја теоријата на духовното во уметноста, таа инсистира на белото како апсолутна тишина која допира до гледачот, „како многуте паузи во музиката што привремено ја нарушуваат мелодијата“ (Василиј Кандински). Нејзината уметност генерално е фокусирана на човечките односи кои ги истражуваат аспектите на војната и насилството како политички и социолошки феномен, вклучувајќи различни аспекти на ненасилна агресија во современото живеење.

Проектот „Утопија“ на Пандора Апостолоска Саздовска е платформа за социолошки истражувања и подигнување на јавната свест за главните глобални политички и еколошки проблеми во светот.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе