Паника во Италија, корона вирусот се шири кон Милано

Бројот на заразени со новиот корона вирус во Италија се зголеми на речиси 100, а две лица починаа во епидемијата што се шири кон финансискиот центар Милано.

„Во Ломбардија се заразени 89 лица, меѓу кои и една млада личност во Валтелина, долина во која се наоѓа популарното скијачко одморалиште“, изјави Атилио Фонтана, кој го предводи северниот регион Ломбардија.

Според него, повеќе од 100 луѓе се заразени со новиот коронавирус на национално ниво. Претходната цифра на властите беше 79 заразени.

Италијанските власти изолираа неколку области во Ломбардија и Венето кои се индустрискиот центар на Италија и заедно сочинуваат 30% од БДП на земјата. Во овие области се забранети сите јавни настани, затворени се училиштата и ограничено е движењето на населението само за најнеопходни работи. Компанијата Luxottica, која го поседува брендот Ray-Ban, како и банката UniCredit им соопштија на своите вработени кои живеат во најпогодените области да останат дома.

76-годишна жена која била позитивна на Covid-19, беше најдена мртва во четвртокот во нејзиниот дом на 50 километри јужно од Милано. Вториот смртен случај е 78-годишен маж кој почина во болница во близина на Падова во петокот вечерта.

Првиот случај на корона вирусот во Италија беше забележан во Кодоњо гратче југоисточно од Милано. Пациентот е 38-годишен маж кој се заразил по средба со пријател кој бил во посета на Кина. Неговата состојба е стабилна.

Единаесет населени места, од кои повеќето во северниот регион Ломбардија се изолирани согласно мерките што ги презеде италијанската Влада, по вонредната средба поради епидемијата на новиот корона вирус. Ниту влегување, ниту излегување од области за кои се смета дека се места од каде се шири заразата  не се дозволени без посебна дозвола. Сите јавни собири, спортски настани и други настани се забранети за една недела, меѓу кои и четири натпревари од Серија А.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе