УЕФА ЕУРО 2020

Panini шегаџии: Ангеловски доби сликичка, Кулушевски залепен кај Македонија

Филип Здравески
/ 05.04.2021 / 12:46

Македонските граѓани масовно го раскупуваа албумот на Panini, па стигнаа и првите досетки.

Во албумите на Panini, без разлика дали се работи за Европско или за Светско првенство, одамна веќе нема сликички од селекторите. Последен пат тоа беше случај со албумот за ЕУРО 1992.

Еден македонски колекционер, мотивиран од две причини, направи сликичка плус. Така, селекторот Игор Ангеловски доби своја сликичка која колекционерот ја смести токму врз зборот North од името на македонската репрезентација, па со еден удар заврши две работи: селекторот заслужено има сликичка, а сега не му боде очи новото име на републикава.

Упатство за лепење Панини 👇 ➡️ Чекор 1. Правеш сам Панини сликичка со ликот на "Мрме". ➡️ Чекор 2. На местото North ја лепиш со секундарен! #НапредМакедонија 🇲🇰

Posted by Прва Лига on Monday, April 5, 2021

Друга шега објави порталот MacedonianFootball каде еден од нивните новинари сликичката од Македонецот Дејан Кулушевски, кој е роден и израснат во Шведска за чија репрезентација и настапува, ја залепил во делот наменет за македонската репрезентација. Несомнено Кулушевски ќе беше одлично засилување за Македонија, но за жал, и покрај големите молби од селекторот Ангеловски, тој одбиваше да го облече дресот со сонцето.

Како што може да се забележи, Кулушевски е залепен на местото каде треба да биде Тихомир Костадинов, па оттука се прашуваме дали Костадинов ќе го залепи кај Шведска или Кулушевски ќе биде залепен и во двете репрезентации.

Најди го натрапникот:

Posted by MacedonianFootball.com on Saturday, April 3, 2021
реклама

Фудбал

Серија А ги одложи саботните натпревари поради погребот на папата Франциск

Read more

Реал без Мбапе против Хетафе, неизвесен е и за финалето на Копа дел Реј

Read more

Судиска анализа на ФФМ: Голот на Вардар е регуларен, на Силекс не е

Read more

УЕФА подели 233 милиони евра – македонските клубови добија трошки

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Лејкерс израмнија против Минесота, Дончиќ на прагот на трипл-дабл

Читај повеќе

Димитријевиќ го напушта Милано?

Читај повеќе

Серија А ги одложи саботните натпревари поради погребот на папата Франциск

Читај повеќе

Реал без Мбапе против Хетафе, неизвесен е и за финалето на Копа дел Реј

Читај повеќе
  • play_arrow

Судиска анализа на ФФМ: Голот на Вардар е регуларен, на Силекс не е

Читај повеќе

УЕФА подели 233 милиони евра – македонските клубови добија трошки

Читај повеќе
  • play_arrow

Бизарна врска: Клупската членска цело време го криела времето на смртта на папата?

Читај повеќе

Каква улога ќе има Модриќ во Свонси?

Читај повеќе

Marca: Ал Наср подготвува тим од соништата

Читај повеќе