Папа Франциск: Светот е на пат кон самоуништување

Папата Франциск предупреди дека светот е „на пат кон самоуништување“ доколку политичките лидери не успеат храбро да ја искористат пандемијата на COVID-19 како шанса да ја направат планетата Земја поправедно и позелено место.

Од неговиот избор во 2013 година, папата повеќе пати зборувал за потребата од заштита на животната средина, а синоќа објави две видео пораки, едната по повод Денот на планетата Земја, а другата за самитот за климатски промени, чиј домаќин е американскиот претседател Џо Бајден.

Во видео пораката објавена за Светскиот ден на планетата Земја, папата Франциск истакна дека политичките лидери имаат можност подобро да излезат од оваа ситуација по научените поуки за социјалните неправди откриени за време на пандемијата на коронавирусот.

„И глобалните катастрофи, ковидот и климата, покажуваат дека немаме време за губење. Времето нѐ притиска и, како што покажа коронавирусот, ние имаме средства да одговориме на предизвикот. Имаме средства. Време е за споделување, ние сме на граница“, нагласи поглаварот на Римокатоличката црква.

Remote video URL

Тој додаде дека неволјите со кои се соочи човештвото во пандемијата треба да ги охрабрат лидерите да тежнеат кон иновации и пронајдоци со цел подобро да ја заштитат планетата.

Папата апелираше до „сите лидери во светот да се однесуваат храбро, да постапуваат чесно и секогаш да им ја кажуваат вистината на луѓето, за да можат луѓето да знаат како да се заштитат од уништување на планетата и како да ја заштитат планетата од уништување кое многупати сме го иницирале“.

Настанот, кој треба да ги врати САД на позицијата светски лидер во борбата против климатските промени откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп се повлече од Парискиот климатски договор, папата Франциск го оцени како „прекрасен“. Тој го критикуваше Трамп поради повлекувањето и ја поздрави одлуката на Вашингтон и сегашната администрација на Бајден да се вратат во договорот.

реклама

Борељ: ЕУ не може да го запре Израел

Read more

Како Израел со децении ја презема територијата на Палестина?

Read more

Филипче: Рано е да се тргнат маските на отворено

Read more

Најжестоки воздушни напади врз Појасот Газа, загинаа 119 Палестинци

Read more

Свет

Палестинците ги напуштаат населбите во близина на Појасот Газа поради израелските напади

Read more

Дутерте ѝ се закани на Кина: Нашето пријателство завршува тука

Read more

Турција наесен почнува со производство на Спутник V

Read more

Најжестоки воздушни напади врз Појасот Газа, загинаа 119 Палестинци

Read more
 

Вести

TEXAN & Envipco отвора фабрика за рециклирање во С. Македонија

Читај повеќе

Нови 30 случаи на COVID-19, 16 починати

Читај повеќе

Во Службен весник на Грција објавена одлука за граничните премини, за државјаните на С. Македонија дозволен влез

Читај повеќе

Царовска: Наставата од септември зависно од епидемиолошката состојба

Читај повеќе

Палестинците ги напуштаат населбите во близина на Појасот Газа поради израелските напади

Читај повеќе

Дутерте ѝ се закани на Кина: Нашето пријателство завршува тука

Читај повеќе

Се чека формална одлука од грчката Влада за отворање на границата

Читај повеќе

Филипче: Рано е да се тргнат маските на отворено

Читај повеќе

Околу 40.000 дози од AstraZeneca пристигнуваат денес, утре 100.000 од Sinopharm

Читај повеќе