Музика

Папарацо ја тужи Аријана Гранде за објавување фотографии без негова дозвола

20. мај 2019 - 16:11 | А.С.

Славните постојано водат борба со папарацо фотографите и објавување нивни фотографии во непосакувани пози и ситуации. Понекогаш, борбата е во обратна насока.

Папарацо ја тужи пејачката Аријана Гранде бидејќи објавила негови фотографии на социјалните мрежи без да побара дозвола од него.

Пејачката се соочува со тужба од папарацо фотографот Роберт Барбера кој тврди дека Гранде го прекршила законот за авторски права со тоа што објавила не една, ами две негови фотографии без дозвола.

На фотографиите што Барбера ги снимил во 2018 година, е снимена Гранде како излегува од зграда додека во рацете држи торбичка на која го пишува името на нејзиниот албум „Sweetener“.

Гранде овие фотографии ги објавила на нејзините профили на Instagram и Twitter во август, кога излезе новиот албум.

Барбера бара отштета од 25.000 долари или заработката на пејачката од објавувањето на фотографиите.

Правниот спор следи само неколку месеци откако Гранде ја почна светската турнеја „Sweetener“ што летово доаѓа во Европа.

Коментирај