Папата Франциск при посетата на Ирак планира средба со ајатолахот Али ал-Систани

Папата Франциск е подготвен за историска средба со највисокиот ирачки шиитски муслимански свештеник, ајатолахот Али ал-Систани, за време на неговата посета на Ирак, закажана за март, потврди денеска патријархот на ирачката Калдејска католичка црква.

Британските медиуми најавуваат дека на планираната средба со 90-годишниот ирачки шиитски ајатолах, папата Франциск за соговорник ќе има една од најважните фигури на шиитскиот ислам, и во Ирак и пошироко, која има огромно влијание врз политиката и јавното мислење.

Програмата за патувањето на Папата, што треба да се реализира од 5 до 8 март, е објавена на прес-конференција од страна на патријархот на Калдејската католичка црква и архиепископ на Багдад, кардиналот Луис Рафаел I. Тој е католички кардинал и поглавар на најголемата христијанска заедница во Ирак, а освен оваа средба најави дека се предвидени и миса во Багдад и северниот град Ербил, јавија британските медиуми.

Папата ќе го посети и поранешното упориште на Исламската држава во Мосул, кое има значајно христијанско малцинство и урнатините на антички град Ур, во Јужен Ирак, каде што Библијата вели дека е роден Авраам, предокот на сите народи и на јудеизмот и на христијанството и на исламот.

Западните агенции јавуваат дека посетата е планирана во услови на влошување на безбедноста во делови на Ирак и по првиот голем самоубиствен бомбашки напад во Багдад во последните три години.

Поглаварот на Католичката црква во досегашните посети на претежно муслиманските земји како што се Турција, Јордан, Египет, Бангладеш, Азербејџан, Обединетите Арапски Емирати и палестинските територии секогаш и силно повикуваше на „меѓурелигискиот дијалог“.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Свет

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе