УЕФА ЕУРО 2020

Папата Франциск прв го сефтоса новиот дрес на ФФМ

Филип Здравески
/ 27.05.2021 / 15:17

Додека македонските фудбалски навивачи се во исчекување да го видат дресот со кој Македонија ќе настапи на претстојното ЕУРО, папата Франциск имаше чест не само да го види новиот дрес, туку и да го добие како подарок.

Македонскиот претседател Стево Пендаровски се наоѓа во Рим каде посетата по повод чествувањето на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј во Ватикан го искористи и за средба со папата на кој му подари и дрес од фудбалската репрезентација.

Папата всушност го доби новиот дрес изработен од германкиот производител Jako со испишано неговото име на грбот и тоа на кирилица.

Претседателот Пендаровски на Facebook објави и фотка од моментот на подарувањето на дресот, но тој се гледа само од задната страна.

Она што го привлекува вниманието на прв поглед е чудната боја која не личи на македонската црвена и повеќе наликува на бордо, односно на дресовите на Венецуела и Торино.

Воедно, од страните под ракавите има бела боја, што дефинитивно е разорачување бидејќи очекувана беше жолта боја.

Останува да видиме каков дизајн има предната страна, но судејќи според изгледот назад, Македонија нема да игра со сонце на градите како што очекуваа навивачите. Но, да почекаме ФФМ да го претстави новиот дрес пред да судиме.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе