Македонија

Папата Франциско на 7 мај ќе ја посети Македонија

13. декември 2018 - 12:22 | МИА

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, на 7 мај наредната година ќе ја посети Република Македонија, соопшти денеска владината прес-служба.

– Неговата светост папата Франциско, прифаќајќи ја поканата на највисоките власти на државата и на Католичката црква, ќе оствари апостолско патување во Република Македонија, на 7 мај 2019 година, при што ќе го посети Скопје – родниот град на света Мајка Тереза, се наведува во соопштението од прес-службата на Владата.

Пред Македонија, папата Франциско од 5 до 7 мај ќе престојува во Бугарија каде што ќе ги посети градовите Софија и Раковски.

Коментирај