ЛА ЛИГА 2020/21

Папу Гомес со еврогол ја почна авантурата во Ла Лига

Неславно ја напушти Аталанта, а уште на деби натпреварот за својот нов клуб постигна гол од дваесетина метри.

Алехандро Гомес од септември 2014 ги бранеше боите на Аталанта, беше капитен и предводник на ренесансата кај популарната „Деа“. Но, на 1 декември, кога тимот играше натпревар од Лигата на шампионите против дански Митјуланд, Папу Гомес се испокара со тренерот Џан Пјеро Гасперини и тоа поради позицијата на која треба да игра. Не излезе од соблекувалната да го игра второто полувреме и оттогаш односот со тренерот само се влошуваше.

Последен пат се појави во црно-синиот дрес на 16 декември против Јувентус, а потоа побара да си замине од Аталанта. Претседателот, со кој имаше добри односи, му дозволи да си оди напоменувајќи му дека не може да оди во друг клуб од Италија.

Така, Папу Гомес на 26 јануари потпиша за шпанска Севиља, а викендов го имаше своето деби во Ла Лига откако претходно настапи на натпревар од Копа дел Реј. Во 57. минута влезе на местото на повредениот Лукас Окампос, а на три минути пред истекот на времето од дваесетина метри упати една бомба, која со помош и на дефанзивецот Ерик Кабако, кој неумешно постави блок, ја затресе гостинската мрежа за водство од 2:0.

Remote video URL

Севиља потоа погоди и по трет пат за конечни 3:0.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе