Прајд е манифестација на ЛГБТИК-лицата по повод Меѓународниот ден на гордоста, која во светот се одбележува од 1969 година. Освен карневалските забави, парадите на гордоста, исто така, имаат политичка важност за насочување на вниманието на јавноста кон ЛГБТ-човековите права.
Почетокот на модерното движење за остварување на правата на лезбијките и геј-лицата се смета судирот помеѓу демонстрантите и полицијата при рација во барот „Стоунвол“ во Гринвич Вилиџ, Њујорк, улица „Кристофер“, во ноќта на 27 кон 28 јуни 1969 година.
Делот од гостите кои отстапувале од родовите стереотипи (најчесто трансродовите лица и т.н. буч-лезбијки) и персоналот на тој геј-бар одбија мирно да го поднесуваат полициското насилство и се спротивставија на полициските службеници кои се обидуваа да ги приведат. На трансвеститите (драг квинс), лезбијките и геј-мажите, кои првпат се здружија против полициската (државна и социјална) репресија, им се придружија на припадниците на антивоеното движење, движењето за права на Афроамериканците, жените, левичарските политички струи, студенти и овој инцидент се претвори во седумдневни улични демонстрации против дискриминација против хомосексуалците и лезбијките, но исто така и против дискриминацијата воопшто.
Првите паради одиграа значајна политичка улога во еманципацијата на ЛГБТ-луѓето, јакнењето на видливоста и поставувањето на барањата за почитување на правата на лицата со различна сексуална ориентација. Во Њујорк и Атланта, овие маршеви биле наречени „Gay Liberation Marches“, а на Западниот Брег „Gay Freedom Marches“. Меѓутоа, во 1980-тите, поконзервативните струи во рамките на ЛГБТ-заедницата добиваат поголема сила, ја преземаат контролата врз овие маршеви, а имињата Геј-ослободување, односно Геј-слобода, се заменуваат со Геј-прајд (гордост).
Поголемиот дел од парадите се организираат во средината на годината, со цел да се одржи традицијата на одбележување на Денот на гордоста на ЛГБТ-лицата, но, гледано на светско ниво, ги има во текот на цела година.
Парадата на гордоста во Берлин во 2006 година собра 450.000 посетители. Таа година беше формирана цела нова генерација организации, идентификувајќи се со зборот „геј”, што покрај сексуалната ориентација значеше и радикално нова основа за самоидентификација во смисла на отворен политички активизам. Најголемиот дел од ЛГБТИК-активизмот сега се смета за продолжување на ова движење.
Прајд – Меѓународен ден на гордоста
Прајд-манифестацијата, како Меѓународен ден на гордоста, се состои од поворка на гордоста, политички говор и пригодна забавна програма.
Прајд-манифестацијата најчесто го носи името на градот по што следува зборот прајд или нејзин превод. Најпознати такви мафинестации во Европа се Лондон прајд и Сохо прајд, кој е неколку недели по лондонскиот, Бирмингем прајд… Европрајд од 1992 година се одржува секоја година во некој од европските градови.
Најголем европски прајд е „ЦСД Келн“, на кој секоја година учествуваат над милион лица. Прајд-манифестацијата во Германија се вика Ден на Кристофер штрасе, според улицата Кристофер на која се наоѓал барот „Стоунвол ин“.
Кон средината на деведесеттите, прајд-манифестации почнуваат да се одржуваат и во земјите од Централна и Источна Европа, како и во Италија (Рома прајд, Милано прајд, Торино прајд, Тоскана прајд, Малта (Прајд марш Валета од 2004) и Турција (Истанбул од 2003 и Бурса од 2006 година), но на почетокот биле проследени со насилство, па некои паради не се одржани повторно.
Во САД, прајд-манифестациите се одржуваат речиси во сите поголеми градови од 1970-тите, од првата годишнина од бунтот Стоунвол. Со текот на времето, покрај Парадата на гордоста, политички говори и пригодната програма, некои ЛГБТИК-заедници во традиционалната Прајд вклучуваат семеен пикник, голем концерт со познати ѕвезди или културен фестивал. Најпознатти прајд-манифестации во САД се: Лос Анџелес прајд или официјално Кристофер стрит Вест (Лос Анџелес/Западен Холивуд), кој се одржува во Сан Франциско од 1970 година.
Транспаренти и пораки
За време на Парадата на гордоста, учесниците и учесничките носат транспаренти со интересни пораки од политичка, најчесто иронична содржина, извикуваат познати слогани на движењето ЛГБТИК и свират со свирчиња во ритамот на тапаните од парадното возило. Покрај задолжителните свирчиња и транспаренти, незаменливи се знамиња во боите на виножитото – симбол на геј и лезбијското движење, како и останати знамиња и симболи како грчката буква ламбда (ослободување), лабриса (лезбијска сила и лезбијска егзистенција), буквата Q (queer), знамиња и симболи на бисексуални, трансродови и интерсексуални лица, како и останатите движења што ја поддржуваат парадата – најчесто екозелени, феминистички, анархо-синдикални, мировни и антивоени и повеќето левичарски и либарални.
Во Западна Европа, Австралија и САД, Прајд полека губи на политичка програма – правата и слободите на ЛГБТИК-лицата, а сè повеќе поддржува и се совпаѓа со другите движења за човековите права на маргинализираните групи: правата на имигрантите, правата на националните и етничките малцинства, солидарност со повеќекратни дискриминирани групи и сите групи кои се одлучуваат за алтернативни животни избори во создавањето различни антифашистички, алтер-глобалистички, мировни и други коалиции.
Во овие земји прајд-манифестациите се комерцијални настани во кои одделни групи, партии и трговски компании плаќаат членарина, бидејќи нивната видливост во процесијата се смета за пропагандна порака. Дел од членарината оди на трошоците за манифестацијата, а дел за хуманитарни цели. Затоа не е ретко да се види дека и конзервативната политичка партија и општество, но и некои религиски заедници учествуваат во оваа манифестација.
Најпознатите пароли во англоамериканските земји се „We’re here, we’re queer, get used to it!” (Тука сме и квир сме, навикнете се!), „Out of the Closets and into the Streets” (Наместо скриени – видливи пред јавноста), како и „Silence = Death“ (Молк = смрт).
Освен наведените симболи, се појавуваат и розови, црни и комбинација на виолетов и син триаголник. Со триаголниците во тие бои биле одбележувани хомосексуалните и бисексуалните лица во нацистичките прогони, а денес се прифатени како симболи на борбата за геј, лезбијски и бисексуални права и нивниот отпор.