КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Парагвајците воведоа „анти Меси“ правило пред мечот со Аргентина

За дуелот помеѓу репрезентациите на Парагвај и Аргентина за навивачите ќе важат некои нови правила.

Парагвај в четврток ќе ја пречека Аргентина, во дуелот од 11. коло од квалификациите за Мундијалот 2026. Иако натпреварите меѓу Парагвај и Аргентина историски не се од оние што носат инциденти од секаков вид, домаќините решија нивната репрезентација да има максимална поддршка.

„Секој што носи дрес со името на Лионел Меси нема да може да влезе на стадионот“, јасно порача спортскиот директор на Парагвајската фудбалска асоцијација (АПФ), Фернандо Виласбоа.

„Навивачите кои доаѓаат во дресовите на Аргентина, Барселона или Интер Мајами, или кој било дрес со името на Меси, нема да смеат да влезат на стадионот“, рече Виласбоа.

„Никој нема да смее да го носи дресот на Аргентина, аргентинските клубови или дресови со имиња на играчи од други земји. Сакаме да го исполниме стадионот со парагвајски навивачи за играчите да ја видат и почувствуваат поддршката од трибините. Сите сме дел од истата игра, секој на свој начин“, додаде тој.

АПФ додава дека дополнителна причина за правилото „анти-Меси“ е безбедноста во и околу стадионот.

Непишаното правило „анти-Меси“ не е голема вест. Пред дуелот со Бразил важеше правилото „анти-Винисиус“.

Тогаш на навивачите им беше забрането да доаѓаат облечени во Бразил, Реал Мадрид и какви било дресови со името на Винисиус.

Аргентина е прва на табелата со 22 бода, три повеќе од Колумбија. Парагвај е на шестото место.

реклама

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Mercedes-Benz од 2026 година ќе започне со производство на автомобил со drive-by-wire систем

Read more

Зошто папата не може да биде донатор на органи?

Read more

Фудбал

Вардар со службен резултат ја доби Воска, четири високи казни за инцидентите по мечот Струга - Гостивар

Read more

Модриќ доби 30-дневен договор со Реал

Read more

Вардар и Струга ќе играат во финалето на Купот на Македонија

Read more

Интер во една недела игра против Милан, Рома и Барселона

Read more
 

Спорт

Вардар со службен резултат ја доби Воска, четири високи казни за инцидентите по мечот Струга - Гостивар

Читај повеќе

Модриќ доби 30-дневен договор со Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Вардар и Струга ќе играат во финалето на Купот на Македонија

Читај повеќе

Интер во една недела игра против Милан, Рома и Барселона

Читај повеќе

Зошто поранешните пријатели и соиграчи се игнорираат еден со друг?

Читај повеќе

Конор Мекгрегор откри под кој услов повторно би се борел

Читај повеќе

Се менуваат три правила во нокаут фазата во ЛШ?

Читај повеќе

Консејсаун: За Интер не ни треба дополнителна мотивација

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс израмнија против Минесота, Дончиќ на прагот на трипл-дабл

Читај повеќе