„Параноја“ е новата песна на култните „Санаториум“

Култниот македонски треш-бенд „Санаториум“ се врати на сцената со нова моќна песна.

Фото: Стефан Рахл

„Параноја“ беше објавена деновиве заедно со видеоспот, преку социјалните мрежи.

Новата песна во целост е авторско дело на членовите на бендот: Перо Стефановски, Горан Атанасов, Горан Станковиќ, Бобан Василески и поранешниот гитарист Константин Качев.

Во снимањето на „Параноја“ учествуваа Бобан Василески, Александар Стефановски и Дарко Дарковски, а миксот и мастерингот се дело на Александрос Крисидис. Видеопродукцијата е на тапанарот Горан Атанасов, пишува „Нова Македонија“.

Remote video URL

Бендот „Санаториум“ е оформен во Скопје во 1987 година. На почетокот настапуваат во малите клубови и гаражи низ градот, за потоа да направат пауза до 1990 година заради заминување на членовите на бендот во војска. По завршувањето на обврските, започнуваат сериозно да работат на музичко поле, подготвувајќи музика, текстови, аранжмани, сценски настапи и сл. За кратко време, „Санаториум“ успеваат да го привлечат вниманието на публиката и критиката. Тоа е поводот да бидат поканети на најголемиот метал фестивал во Југославија, HARD METAL (Нови Сад 1991 и Белград 1992) каде добиваат повеќе понуди за снимање на нивниот деби албум, но тоа не го реализираат заради распаѓањето на Југославија. Конечно, во 1992 година „Санаториум“ влегуваат во студиото на МРТ и го снимаат својот деби албум.

После издавањето на албумот „На работ на разумот“ тргнуваат на турнеја низ Балканот и соседните земји, од каде произлегува и вториот снимен материјал наречен „Live in Hungary“, како и видео од истиот настап. Во 1996 година го реализираат третиот албум наречен „No More“, комплетно испеан на англиски јазик, освен бонус песната која е на македонски. После издавањето на албумот престојат низа концерти низ Европа.

Деби албумот „На работ на разумот“ е снимен и миксуван во М-2 студиото на МРТВ во периодот април-ноември 1992. Вториот материјал Live in Hungary е сниман во Сегед (Унгарија) во декември 1992 година. Третиот албум „No More“ е сниман и миксуван во City Sound Studio во Скопје, од ноември 1995 до април 1996 година. Во август 2000 година, по подолга пауза „Санаториум“ настапуваат на фестивалот METAL 2000 во Софија заедно со легендите Motorhead. Забележителен настап имаат и на фестивалот Таксират 2 на 25.11.2000 година. На 16.6.2001 го промовираат своето ново CD кое го содржи комплетниот материјал од првиот албум „На работ на разумот“ дополнет со две нови песни, снимени во студиото на Дарко Димитров, како и три концертни снимки.

На 10 декември 2016 година, групата настапи на завршната вечер на 18. издание на „Таксират“, во „Метрополис арена“.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

МК сцена

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more

Почина Атина Апостолова, доајен на македонската народна музика

Read more

ДНК собраа 690.000 денари за лекувањето на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе