Парите од продажбата на „Карантински приказни“ ќе бидат донирани на Клинички центар Скопје

Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – Над 200  „карантински“ текстови стигнале на адресата на Издавачки центар ТРИ кој на крајот на март го распиша конкурсот т.е. Пишувачкиот предизвик „Карантински приказни“.

Текстови до ТРИ пратиле голем број љубители на пишаниот збор, но и докажани автори, поттикнати да учествуваат во создавањето антологија од раскази настанати и инспирирани од карантинот.

ТРИ соопшти дека оваа недела „Карантински приказни“ ќе стигнат до читателите во две различни изданија: во печатена форма кое, како што наведува издавачот – ќе биде гласник на хуманоста и во кое се собрани расказите на докажаните авторски имиња: Јагода Михајловска-Георгиева, Винка Саздова, Петар Андоновски, Ѕвездан Георгиевски, Лидија Димковска, Трајче Кацаров, Наташа Сарџоска, Виолета Танчева-Златева и други.

Оваа книга ќе може да се најде на сите продажни места на ТРИ по симболична цена, а целиот износ од продажбата ќе биде дониран за здравствена опрема на Клиничкиот центар во Скопје.

-Така, ТРИ и авторите на свој начин ќе придонесат во борбата со пандемијата и за подобрување на условите во македонското здравство. Одлуката за овој потег произлегува од желбата да се биде солидарен со колективната состојба, преку ваквиот пионерски чекор во издаваштвото, соопшти Издавачки центар ТРИ.

Второто издание од „Карантинските приказни“ е во електронска форма и е достапно бесплатно на апликацијата kniga.mk на Издавачки центар ТРИ. Во ова издание се собрани над 100 авторски текстови од учесниците во предизвикот кои првпат се претставуваат пред читателската публика.

Линкови за преземање на апликацијата:

iOS корисници

Android корисници

реклама

5 собни растенија против мувла и кондензација

Read more

Бисквити, банани и чоколадо: Рецепт за торта со совршена кремаста текстура

Read more

Малку познат детаљ на машината за перење може да го забрза процесот на сушење

Read more

Македонско девојче ечеше од соблекувалната на Њукасл

Read more

Книги

7 совети од Ернест Хемингвеј како да бидете подобар писател

Read more

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Read more

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more
 

Магазин

Советник за врски откри што треба да носат девојките на првиот состанок

Читај повеќе
  • play_arrow

Мотивација во теретана

Читај повеќе

Бисквити, банани и чоколадо: Рецепт за торта со совршена кремаста текстура

Читај повеќе

Невронаучник: Постои една навика која ве прави посреќни, попродуктивни и помалку под стрес на работа

Читај повеќе

Финансиски хороскоп за октомври 2024 година за сите хороскопски знаци

Читај повеќе

6 навидум здрави намирници кои нема да ви помогнат да ослабете

Читај повеќе

Важноста на физичката активност кај мачките: Како да го одржувате вашето милениче здраво и среќно?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најлошиот есенски рецепт за паста

Читај повеќе

Кога е вистинското време бебето да почне да спие на стомак?

Читај повеќе