Паркинг место во САД се продава за 750.000 долари

Цените на недвижностите во Бостон одамна вртоглаво пораснаа, а не се поштедени ниту паркинг местата.

Најскапото паркинг место во Бостон е продадено за 500.000 долари пред две години. Сместено е во гаражата на улицата Бример во престижната населба Бикон Хил, а листата на опции, покрај паркинг, вклучува и камериер, точење гориво, перење на автомобилот и целосна консиерж услуга.

Големината на паркинг местото е 2,7 x 5,5 метри, а моментално е огласено за продажба. Цената сега е зголемена за 50 отсто во однос на последната продажба и изнесува неверојатни 750.000 долари. Но, агентот за продажба Рене Родригез од Cabot & Company верува дека цената е оправдана - бидејќи таа сума покрива повеќе од само конкретниот простор, пишува The Sun.

„Тоа е ексклузивен паркинг простор, гаражата е секогаш под надзор, а тука се присутни шест или седум вработени во секое време“, изјави тој за NBC Boston.

„Ако поседувате куќа вредна 15 милиони долари која нема паркинг простор, ова значително ја зголемува вредноста. И таа вредност нема да се намали – на ридот не се градат нови паркинг места, така што мислам дека ова е прилично добра инвестиција за луѓето кои живеат овде“, додаде Родригез.

Паркинг местата во гаражата на улицата Бример првпат беа ставени на продажба во 1970-тите по цена од околу 7.500 долари. Но, таа цена скокна на приближно 300.000 долари во 2013 година, а една деценија подоцна неколку беа продадени за 500.000 долари.

Тагови
реклама

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Read more

Само тројца играчи на Реал не се збогуваа со Чаби

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Чек дис аут

Спасување снешко на руски начин

Read more

Париз под бела покривка: Снегот привлече многумина на улиците, некои дури и скијаа

Read more

Уште му е криво за Херонеја 338 п.н.е.

Read more

Над 80 илјади плишани мечиња прекинаа натпревар во САД

Read more
 

Магазин

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Читај повеќе

Храна што треба да се избегнува и консумира за време на бременост

Читај повеќе

Како спиењето во ладна соба може да ви помогне да ослабете?

Читај повеќе

Колку долго трае идеалниот секс?

Читај повеќе

Невролог споделува совети за забавување на стареењето на мозокот

Читај повеќе

Динстан пилешки џигер со карамелизиран кромид

Читај повеќе

СЗО предупредува дека алкохолот во Европа е премногу евтин

Читај повеќе

Кога е вистинското време да ги пресадите вашите собни растенија?

Читај повеќе

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе