Паркинг на кој автомобилите се паркираат со помош на смартфон

Една година откако започнаа со тестирањата во музејот Mercedes-Benz во Штутгарт, германските гиганти Daimler и Bosch го отворија својот прв автоматски паркинг пилот во Пекинг.

Автоматското паркирање на автомобилите, во мерка во која е тоа законски дозволено таму каде што се користи, им овозможува на возилата да преминат на одреден простор и корисникот да го преземе возилото преку својот паметен телефон.

Изборот на градот исто така не е случаен, во однос на тоа дека Daimler неодамна стана првиот странски произведувач, кој доби лиценца за тестирање на возила со технологија за автономно возење во главниот град на Кина.

Автоматскиот паркинг пилот е важен чекор во системот за автономно возење, а се базира на интелигентна инфраструктура која ја разви Bosch.

Овој систем му овозможува на возачот да го заобиколи процесот на мануелно паркирање, односно да го паркира возилото преку сопствена команда на автомобилот, бидејќи сега со помош на паметниот телефон автомобилот може сам да се паркира.

Возачот мора да го доведе автомобилот до одредено место за оставање на возила, а потоа да ја отвори апликацијата на смартфонот за да го испрати на доделеното паркинг место.

Откако интелигентниот систем инсталиран во паркингот ќе го регистрира автомобилот, тој овозможува автомобилот да се движи и автоматски да го паркира.

Сензорите, кои се инсталирани во објектот за паркирање, го следат движењето на возилото и неговото окружување и го контролираат, а технологијата во автомобилот одговара на командите кои ги добива од системот.

Кога корисникот е подготвен да го преземе автомобилот, повторно ја користи апликацијата и чека системот да го донесе на местото предвидено за преземање на возилата.

Овој систем ќе биде дополнително тестиран од страна на Daimler и Bosch, во центарот за истражување и развој, Mercedes-Benz, во Штутгарт.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Авто новости

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Read more

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Read more

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Read more

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Read more
 

Автомобили

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе

Стокец од 10.000 евра!

Читај повеќе
  • filter

Погледнете го единствениот Lanzante McLaren Senna GTR LM 25 во светот

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Мал, но моќен: Поздравете го потполно електричниот мал SUV Volvo EX30

Читај повеќе