Место за паркинг во Хонгконг се продаде за неверојатно рекордна сума.
Тоа е едно од неколкуте места за паркирање во ултра луксузното одморалиште наречено The Peak во Хонгконг. Одмаралиштето гледа на пристаништето Викторија, а во него се сместени некои од најскапите домови во Азија.
Во Хонгконг има многу малку простор, како за живеење, така и за паркирање, па цените се вртоглаво високи. Затоа, не е големо изненадување што паркинг просторот се продаде по цена од 1,3 милиони американски долари, што е воедно и нов рекорд.
Претходниот рекорд во врска со цената на паркинг просторот во Хонгконг беше 980.000 долари.
Во мај, во истата населба е забележана рекордна цена за изнајмување паркинг простор од 210.000 УСД месечно.