Партиите засега далеку од договор за датум за избори

Партиите засега се далеку од договор за датум за предвремени парламентарни избори. СДСМ со став дека доколку нема договор, тогаш по сила на закон, изборите ќе се одржат на 21 јуни. Наспроти нив, ВМРО-ДПМНЕ смета дека избори треба да има тогаш кога нема да биде загрозен ниту еден човечки живот и кога граѓаните ќе се чувствуваат слободни да учествуваат на изборен процес.

Од  владејачката СДСМ велат дека по ставањето на пандемијата под контрола, силно се посветени на носење економски мерки за брза трансформација на економијата. Сега, како што посочуваат, потребно е градење на функционални и институции со целосен легитимитет и затоа се потребни парламентарни избори во првиот можен рок.

Според Комисијата за заразни болести и според надлежните институции, како што велат од СДСМ, создадени се услови за одржување на предвремените парламентарни избори, секако со целосно почитување на протоколите за заштита на здравјето.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека во овие моменти потребно е трезвено размислување и надполитички став кој ќе биде во интерес на граѓаните и нивното здравје, а не во интерес на политичките партии.

Според нив, организирање на предвремени парламентарни избори во време на пандемија која секојдневно одзема животи е еднакво на организирано убиство, за кое за жал ќе нема назад.

И Движењето БЕСА со став дека секој обид за пролонгирање на изборите оди на штета на граѓаните.

– Секој обид за пролонгирање на изборите со оправдување без аргументи оди само на штета на граѓаните. Затоа апелираме до сите политички фактори да не си играат со судбината на граѓаните, туку сериозно да им пристапат на создадените околности и да не се пресметуваат за политички придобивки што би наштетило на интересот на граѓаните, велат од БЕСА.

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) вчера побарале дополнителни одговори за мерките за избори од Комисијата за заразни болести. Министерот за здравство Венко Филипче информира дека во следите денови Комисијата ќе одговори на прашањата на членовите на Комисијата, а исто така рече дека тие, односно државата, би можела да одговори на потребата за заштитни материјали за изборите имајќи предвид дека станува збор за голема бројка.

На втората лидерска средба кај претседателот на државата, што се одржа во понеделникот, партиските лидери не постигнаа консензус за датум за предвремени парламентарни избори. Првично овие избори беа закажани за 12 април, но поради пандемијата со коронавирусот и вонредната состојба тие беа одложени со владина Уредба со законска сила.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе