Партијата на Меркел сака да прави европско ФБИ

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на Ангела Меркел и сестринската партија од Баварија Христијанско-социјална унија (ЦСУ) ја претставија нивната прва заедничка програма за Европските избори во кои ја претставија нивната визија за иднината на ЕУ.

Во нивните планови предвидуваат ефикасни контратерористички сили и европска војска.

Актуелната шефица на ЦДУ и наследничка на Ангела Меркел, Анегрет Крамп-Каренбауер, нејзиниот колега од ЦСУ Маркус Содер и водечкиот кандидат од Европската народна партија (ЕПП) Манфред Вебер кој претендира за позицијата претседател на Европската комисија, го претставија нивниот прв заеднички концепт за идниот развој на Европа.

Во нивната изборна програма има планови за создавање на Европски сили до 2030 година и за зајакнување на областите надворешна политика, одбрана и безбедност на Европа, како и на граничната служба на ЕУ -  Фронтекс – која би добила 10.000 нови службеници ако програмата биде имплементирана.

Еден од предлозите е унифициран систем на податоци и интензивна размена на информации меѓу ЕУ и земјите членки.

Ова е со цел да се создаде побезбедна Европа, да се намали организираниот криминал и тероризмот. Исто така, партиите предлагаат создавање на заедничка база на податоци на ниво на ЕУ за алармирање за потенцијални терористи.

„Она што ни треба во Европа е единство за безбедноста. Поголема безбедност во и низ Европа ќе значи и поголема безбедност за Германија... Ние би сакале да ги прошириме програмите за размена и партнерство меѓу агенциите за безбедност. Европската полициска служба Европол мора да се трансформира во европско ФБИ“, стои во нивниот изборен манифест.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе