„Паштета туристите“ достигнаа нов левел: Си печат пиперки на грчките плажи

Безброј пати, таканаречените „паштета туристи“ биле во центарот на вниманието во текот на летните сезони.

Многу луѓе носат одредена храна со себе на плажа, но прашањето е кога ја преминувате границата?

Како што можевме да видиме во претходните месеци, поединци со себе на плажа носат кулен, сланина, чварки и други сушени месни производи.

Еден турист сподели фотографија во Facebook групата Live from Greece на која се гледа како туристите „резервираат“ место на плажите со камења.

Неговата објава предизвика лавина од коментари во кои други туристи ги споделија своите набљудувања за однесувањето на некои летувалци на плажите.

Еден коментар особено се истакна.

„Ова не е ништо, токму во Неос видов сè што велат за ‘паштета туристите’: печење пиперки на плажа, славска маса и 50 души се дерат, скокаат, трешти музика, пливаат кога врне и секако фрчат селфиња, оние со звучниците задолжително пуштаат народно, се менуваат пелени на сред плажа, па газеето на бебето се мие тука со вода од шише, до твојот пешкир, се дерат, го озборуваат цело село од каде што дошле, викаат како да се таму сами... И сето тоа го видов во две посети колку пати бевме на таа плажа и еднаш кога врнеше и одев во продавница покрај плажа, којзнае што друго ќе видев да пливав таму секој ден“, напиша еден член на групата во коментар.

По овој коментар следеа и други членови на групата кои наишле на слични ситуации.

„Исто, видов слично многу пати и менував место. Колку што е можно одење по диви плажи, оти инаку не вреди“, „Славски маси, хаха, токму тоа го трпиме секој ден“, „Па, затоа одамна не летувам на Халкидики“, се само дел од коментарите.

Членовите на групата истакнуваат дека Неос Мармарас не е единственото место каде што може да се видат вакви сцени, туку и во Полихроно, Пефкохори и други популарни одморалишта.

Кажете ни во коментар што видовте вие на плажите низ Грција?

реклама

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Read more

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Погледнете како кинеските AI хуманоидни роботи извршуваат производствени задачи

Read more

Чек дис аут

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Read more

Европска земја во која жените бараат маж „под дрво и камен“

Read more

Секоја пролет шумата во близина на Брисел се претвора во оаза од виолетова боја

Read more

Што сè може да купите за едно евро во најевтината земја за живеење?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Мисиркино или пилешко: Кое месо е похранливо?

Читај повеќе

Дали кофеинот помага против главоболка?

Читај повеќе

Се будите во исто време среде ноќ? Сигнал што не треба да го игнорирате

Читај повеќе

Рецепт на денот: Паста со лосос, сушени домати и спанаќ

Читај повеќе
  • filter

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Читај повеќе

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Читај повеќе

Пушењето марихуана може да поттикне создавање лажни сеќавања

Читај повеќе

Европска земја во која жените бараат маж „под дрво и камен“

Читај повеќе

Кое овошје го намалува ризикот од рак на цревата?

Читај повеќе