Паста со шампињони и праз во бело вино

Тестенините со печурки и праз се готови за кратко време и можат да се направат како посно јадење.

Потребни состојки:
  • 3 лажици маслиново масло
  • 450 гр шампињони
  • 2 лажици путер
  • 360 гр праз
  • 4 чешниња лук, тенко сецкани
  • 2½ лажички сол
  • 450 гр паста
  • 700 мл вода
  • 320 мл зеленчуков булјон
  • 150 мл суво бело вино
  • 120 мл павлака за готвење
  • 120 гр пармезан
  • 2 лажици свеж копар
  • 2 лажици свеж магдонос
  • 1 лажичка кора од лимон
  • 1½ лажичка свеж сок од лимон
  • ½ лажичка бибер
Подготовка:

Загрејте го маслиновото маслото во тава на силен оган. Додадете ги исечканите печурки и пржете со често мешање додека не испари целата течност, околу 12 минути. Додадете путер и мешајте додека не се стопи. Додадете го тенко исечканиот праз, сечканиот лук и лажичка сол и варете, често мешајќи, додека празот не омекне, 4 до 5 минути.

Додадете ги тестенините, водата, булјонот, виното и преостанатата една и пол лажичка сол и измешајте. Зголемете ја топлината на високо и доведете до вриење. Намалете ја топлината на средно и варете, повремено мешајќи, додека пастата не биде ал денте (во зависност од видот на пастата, на пакувањето пишува колку минути треба да се варат за да бидат ал денте). Вмешајте ја павлаката за готвење и динстајте додека сосот не ги премачка тестенините, околу 3 минути. Тргнете од оган.

Додадете рендан пармезан, сечкани копар и магдонос, рендана кора од лимон, сок од лимон и побиберете. Поделете ги тестенините рамномерно во плитки чинии и послужете ги попрскани со паремезан.

Тагови
реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Ало Скопје, критично е!

Read more

Рускиот нафтен гигант на Путин го презема најголемото наоѓалиште на ретки минерали

Read more

Почна сезоната на Близнаци: 4 хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени

Read more

Рецепти

Пролетна салата со макарони, варени јајца и ротквици

Read more

Свинско месо со брокула и карфиол во соја сос

Read more

Полнети пиперки со булгур пченица по грчки рецепт

Read more

Ребра глазирани со мед и пекарски компир

Read more
 

Магазин

Најлошиот начин за складирање леб: Поттикнува расипување и мувла

Читај повеќе

Мотивацијата за вежбање најмногу опаѓа на одредена возраст

Читај повеќе

Што значи кога кучињата ги испружуваат шепите кон сопствениците?

Читај повеќе

Разбивање митови: Паста за заби на мозолчиња - да или не?

Читај повеќе

Колку време треба да помине за да го преболите бившиот?

Читај повеќе

Како правилно да нанесете парфем за да трае подолго?

Читај повеќе

Пролетна салата со макарони, варени јајца и ротквици

Читај повеќе

Зошто мажите загадуваат повеќе од жените?

Читај повеќе

Кој алкохол е најмногу штетен за срцето?

Читај повеќе