Патинсон: Трилогијата за Бетмен може да стави крај на мојата кариера

Роберт Патинсон, актер и продуцент, во интервју за магазинот The New York Times Style откри дека неговата работа на трилогијата за Бетмен на Мет Ривс може да го означи крајот на неговата повеќедецениска актерска кариера.

Првиот филм од оваа трилогија „The Batman“ беше премиерно прикажан во 2022 година, додека продолжението се очекува на крајот на 2026 година.

Патинсон зборуваше за неговата моментална состојба во кариерата и изјави: „Ставрно би можел да се пензионирам до крајот на трилогијата“, додавајќи дека не очекувал сè уште да биде активен во актерството.

„Никогаш не помислив за милион години дека сè уште ќе го работам ова по мојата прва работа. Не можам да верувам дека ова сè уште трае“, рече Патинсон.

Актерот, кој се прослави како 17-годишник со улогата во „Harry Potter and the Goblet of Fire“, а потоа стана меѓународна ѕвезда преку петте филмови во „The Twilight Saga“, објасни дека глумата бара баланс помеѓу професионалниот живот и личната дисциплина.

„Главната работа е постојано да се потсетувате што е вашата работа. Дисциплина е да не ја користите вашата енергија за ништо друго освен за тоа“, рече Патинсон.

Истакна дека неговата идеја била да го прикаже Брус како „сосем социјално неспособен и малку агорафобичен“ човек, наместо да го прикаже како стереотипен плејбој, што досега беше перцепција на ликот.

Спомна и дека една реплика од филмот му останала во меморијата: „Ако не можам ништо да сменам овде, ако не можам да имам влијание, не ми е гајле што ќе се случи со мене“.

Зборувајќи за неговата рана кариера, Патинсон призна дека бил свесен дека другите не го сфаќаат сериозно. Сега, како продуцент, чувствува дека добил поголема автономија во Холивуд.

Патинсон наскоро ќе глуми во филмот „Mickey 17“ на режисерот Бон Џун-хо, а неговата работа како продуцент му даде поголема контрола врз проектите со кои е вклучен.

реклама

Божиќен подарок за Путин: Еден од најголемите сојузници на Украина ѝ врти грб

Read more

Податоците од НАСА покажуваат дека 3I/ATLAS одеднаш забрзал и ја променил траекторијата по перихелот

Read more

Почнува ретрограден Меркур: Што ќе му донесе на вашиот хороскопски знак?

Read more

Подгответе совршено домашно топло чоколадо

Read more

Филм & ТВ

Кендал Џенер се разголе за 30-тиот роденден

Read more

Кристен Стјуарт го критикува третманот на жените во Холивуд: Тоа е поразително

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Брендан Фрејзер и Рејчел Вајс се враќаат во легендарните улоги по 24 години

Read more
 

Сцена

  • filter

Кендал Џенер се разголе за 30-тиот роденден

Читај повеќе

Mузичката елита ќе пее во чест на маестро Кире Костов

Читај повеќе

Кристен Стјуарт го критикува третманот на жените во Холивуд: Тоа е поразително

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Брендан Фрејзер и Рејчел Вајс се враќаат во легендарните улоги по 24 години

Читај повеќе
  • filter

5 ноември 1994, почина фронтменот на ЕКВ Милан Младеновиќ

Читај повеќе

Темна теорија го открива идентитетот на убиецот во Scream 7

Читај повеќе

Netflix ќе го купи Warner Bros. Discovery?

Читај повеќе
  • play_arrow

10 предлози за страшни хорори за Ноќта на вештерките

Читај повеќе