Резулататите од тестирањето на корона вирус кај патничката од Милано се негативни.
Министерството за здравство два часа порано од најавеното објави на својата веб-страница дека се негативни резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на корона вирусот.
Како што објавија вчера од Министерството, патничка пристигнала завчера со попладневен лет од Милано во Скопје.
„Резултатите на пациентката која вечерва беше тестирана на корона вирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни. Ја следиме ситуацијата, постапуваме согласно протоколите на СЗО и продолжуваме редовно да ја информираме јавноста“, стои во соопштението на Министерството за здравство.