Паулина откри дека за малку ќе добиела друга улога во „Тома“

Српската актерка Паулина Манов, гостувајќи во емисијата „Realna priča“, проговори за улогата на Љиљана во филмот „Тома“ што ја направи особено препознатлива во регионот и рече дека Драган Бјелогрлиќ имал друга опција за неа.

Пред „Тома“, Манов беше позната по улогите во сериите „Камионџије д.о.о“ и „Комшије“ и филмот „Ајвар“, а со толкувањето на ликот на Љиљана во филмот на Драган Бјелогрлиќ ги освои срцата на публиката на Балканот.

Сепак, актерката за малку ќе останела без оваа улога, за која зборуваше во емисијата, велејќи дека режисерот имал друга опција за неа.

„Добив материјал за две улоги – Гоца и Љиљана, а веднаш по кастингот рече дека дефинитивно ќе играм една од тие две улоги“, откри Паулина.

Таа кажа и дека Бјелогрлиќ планирал да ѝ ја додели улогата на Гордана Здравковиќ, сопругата на покојниот пејач.

„Тој сакаше да ми ја даде улогата на Гоца, а јас ја сакав Љиљана“, рече таа.

Манов во емисијата зборуваше и за работата со режисерот и истакна колку е среќна откако добила покана за соработка на филмот.

„Со Бјела се познавам долго време, но никогаш не сме соработувале. Кога ја добив поканата за кастингот за филмот 'Тома', бев многу среќна. Сите знаеме дека Бјела сега снима филмови на највисоко ниво во секоја смисла“, рече таа.

Актерката претходно го прокоментира вниманието кое го добила поради малата, но впечатлива улога на Љиљана, велејќи дека тоа е доволно за да ги поврзе луѓето.

„Љиљана има вкупно четири-пет сцени во филмот, но тие очигледно се толку емотивно силни што луѓето успеаја да се поврзат. Многу ми е драго што успеав да ја претставам на вистински начин“, вели таа.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Филм & ТВ

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Read more

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Read more

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе