Павле Богоевски поднесе оставка од морални и етички причини

Скопје, 23 мај 2019 (МИА) – Пратеникот и претседател на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања Павле Богоевски поднесе оставка на пратеничката функција.

Од говорница на денешната седница на Комисијата кажа дека оставката ќе биде активирана по пленарната собраниска седница на која треба да му биде одземен пратеничкиот мандат на Никола Груевски.

Оставката, како што рече, ја поднесува од морални и етички причини.

Ваквиот чекор на Богоевски следува по реакциите во јавноста за објавената аудиоснимка со негов разговор.

Седницата што денеска требаше да се одржи, а на која на дневен ред е предлогот за одземање пратенички мандат на Груевски, Богоевски ја прекина и таа дополнително ќе биде закажана.

„Гласот за одземање на мандатот на Никола Груевски ќе биде мојот последен глас во ова Собрание. Оваа одлука ја донесов веднаш по скандалот во моментите кога се самопријавував во полиција. Фактот е дека без разлика на причините за набавката на маслото од канабис за мое блиско лице и на никој од вас не ви ги посакувам тие причини, јас сторив незаконски акт. Тоа е првата работа. Втората работа, мојата пратеничка функција за жал може да се перцепира дека ќе влијае врз постапката што органите ја водат за мене за илегалното снимање, но и против мене за набавката од канабис, односно постапката што јас ја иницирав. Не би сакал мојата функција да влијае врз правосудните органи. И уште еднаш ќе ја искористам оваа прилика да ги повикам органите на проганот целосно да го истражат настанот за мојата одговорност, но и за одговорноста на тие што противправно снимале и објавиле“, рече Богоевски.

Причината што одлуката ја соопштува сега, а не веднаш по откривањето на случајот, како што посочи е од две големи причини.

„Прво мене ми беше многу значајно да учествувам до крај на процесот на реформите на разузнавачките служби, а второ оваа седница е причината зошто не соопштив веднаш. Чекав цела јавност да види колку далеку ќе отидете во вашата дрскост и да видат дека станува збор за хајка и за мерки и активности насочени кон заштита на вашиот премиер во бегство Никола Груевски. Повеќе не е прашањето дали Павле Богоевски има легитимитет да ја води комисијата која ќе му го одземе мандатот на Никола Груевски, ниту пак дали Павле Богоевски треба да продолжи да биде пратеник. Сега е прашањето дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе покажат барем трошка од етиката и моралот со кој дрско се расфрлаа овие две недели и дали ќе го заштитат криминалецот во бегство Никола Груевски или ќе му го одземат мандатот, бидејќи да не се лажеме, ако во Собранието нема место за човек кој прекршил закон за да купи масло од канабис за свое блиско болно лице сигурно нема место за пратеник кој парите на граѓаните да плати хотел додека е во бегство од македонската правда“, рече Богоевски.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе