Павле Камилоски: Кога ученикот е подготвен за работа, тогаш се појавува учителот

Павле Камилоски е автодидактички македонски баритон чија љубов кон музиката не познава граници. Тој поседува толку многу енергија и инспирација што овој пат под отворено небо на плоштад Мајка Тереза го организира настанот „Мала Италија патува“ на 20 јуни во 20 часот. Павле вложува толку многу во исполнување на својот сон и во надградбата на својот талент што животот го одведе до Раме Лахај, најбараниот тенор во Европа.

Со Павле разговаравме за нивната соработка и пријателство:

На почетокот на годината Вашиот пат Ве однесе во Париз и таму ја имавте шансата да се запознаете со еден од најбараните тенори во Европа. Дали може да ни кажете како беше кога прв пат се запознавте со Раме Лахај?

„Во животот имам една теза по која најчесто се водам, а тоа е дека ништо не е случајно, се е со одредена причина. Универзумот ми го донесе Дритон Гаџа во комплексот Македонско село, каде што работам, да престојува на два дена. По запознавањето со Дритон, тој како врвен уметник, покрај убавите сугестии и насоки за музиката, ми предложи да се запознам со Раме. Тој ми рече ‘Раме моментално е во Париз. Зошто не отидеш да го посетиш? Од каде знаеш каква соработка би имал?’

Му испратив снимка на Раме да ме слушне како вокал. Од истата беше пресудно нашето видување. Кога го замислував Париз како дестинација ми беше многу возбудливо, а најмногу затоа што одев со цел. Едноставно знаев и чувствував дека ќе ми се сменат доста работи. Така и се случи. Кога го остварив првиот телефонски разговор со Раме и кога ми рече да се најдеме пред Opera de Paris ми беше како во сон. Имав волшебен и прекрасен престој. Просто не ми се веруваше што ми се случува... Пеењето, љубовта покрај мене, убава храна, француско вино и Париз.“

Како почна Вашата соработка? Која е емоцијата што Ве води Вас и господин Лахај?

„Верувам дека само човек кој го изодел потешкиот пат во животот и кој мечтаел да го оствари својот сон може да ги отвори своите врати на таков начин како што направи Раме. Тој ме прими како најдобар пријател! Бев фасциниран од неговата скромност, и сфатив како еден великан треба да се однесува. Успеа да го извади најдоброто од мене, работејќи интензивно на техниката и насочувајќи ме во најдобриот можен правец.“

Како се одвиваат Вашите сесии? Кои се методите преку кои го надградувате Вашето знаење и пеење?

„По заминувањето од Париз бев цврсто решен во која насока треба да продолжам. Мотивот и љубовта беа уште поголеми. Со исклучително нетрпение чекав да продолжам со надградување на вокалните способности. Енергијата која му ја вратив на универзумот ме однесе до вистинскиот ментор, Проф. Горан Начевски при Факултет за музичка уметност.

Постои едно верување дека кога ученикот е подготвен за работа, тогаш се појавува учителот. Како и секоја професија, така и пеењето бара многу посветеност, жртва и одрекување од многу работи.“

Како е чувството да соработувате со тенор од рангот на Лахај и како истата соработка ќе Ве мотивира за Вашиот настап на „Мала Италија патува“?

„Раме Лахај ми е потсвесен двигател во пеењето.

Тој ми рече ‘Драг пријателе, искористи го тоа што го поседуваш, стани свесен за својот потенцијал и притоа немој да ме гледаш мене ниту пак да се споредуваш со мене, јас сум јас, а ти си ти. Тргни ги на страна моите успеси. Ако напорно работиш на тоа што вистински го љубиш никогаш не можеш да знаеш каде ќе те однесат патиштата.’

Едноставно е. Кога правиш нешто со љубов, со љубов и се враќа. Ни на сон не ми дошло дека Мала Италија ќе прерасне во настан со толку големи подготовки! И така започнаа патувањата на Мала Италија и ова ќе биде нејзино трето традиционално претставување.“

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Култура

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Read more

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Read more

Ива Петреска ја промовира дебитантската стихозбирка „Песнило“

Read more
26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

Read more
 

Вести

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе