PayPal почнува соработка со Google Pay во Европа

Клиентите на PayPal - „дигиталната Мастеркард“ како што ја нарекуваат некои експерти - во голем број држави во Европа ќе можат да плаќаат преку Google Pay во продавниците преку смартфоните кои работат со Adroid.

Досега само сопствениците на кредитни картички од неколку банки можеа да ја користат опцијата Google Pay. Ако корисниците на PayPal го депонираат својот профил во Google Pay како начин на плаќање, апликацијата ќе постави дигитална дебитна картичка, која може да се користи за извршување на купувања, соопштија од компанијата.

Благодарение на оваа соработка, значително повеќе корисници отколку досега, ќе можат да ја користат Google Pay за бесконтактна исплата со нивниот смартфон. Во принцип, услугата може да се користи таму каде што може да се врши бесконтактно плаќање со кредитна картичка, на пример во супермаркети, бензински пумпи, трговски објекти, кафулиња и ресторани.

За извршување на процесот на исплата е доволно смартфонот да се задржи за кратко до платежниот терминал, по што благодарение на чип, плаќањето започнува. За таа цел се користи кредит во PayPal, а ако тоа не е доволно, сумата која недостасува се одзема од депонираната банкарска сметка. За купувачот нема дополнителни трошоци.

Во Германија, бесконтактното мобилно плаќање претходно беше можно само со апликации од различни финансиски институции, како што се штедните банки.

Google Pay беше пуштена во Германија кон крајот на јуни, откако поддржуваше картички само на Commerzbank и Comdirect, како и на BW Bank и онлајн банките N26 и Boon. Преку соработката, Google може да добие пристап до многу нови корисници за својот мобилен систем за плаќање: само во Германија, PayPal има околу 20,5 милиони корисници.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе