Пазар3 Ве советува - кои се најекономичните модели на автомобили на пазарот

Една од клучните работи на кои што речиси сите купувачи посветуваат најголемо внимание при купувањето на автомобили е економичноста, а доколку во моментов, вашата цел е да пронајдете високо економично возило, прочитајте ги следниве совети и секако пред да купите, консултирајте се со специјалист!

Во оваа статија, ќе имате можност да прочитате 6 високо економични автомобили кои ќе ви понудат поголем број на извозени километри со помалку трошоци за гориво, а конечната одлука кој автомобил ќе го изберете сепак останува на вас!

Ford Fiesta 

Ford Fiesta е еден од најекономичните автомобили на пазарот, всушност, овој модел е традиционален конкурент на познатите економични возила на Volkswagen - Volkswagen Polo и на Opel - Opel Corsa. Па така, уште од самиот старт знаете дека нема да зажалите доколку го одберете овој модел.

Во зависност од моделот, економичноста може да варира, но, само во позитивна смисла, па така, одличен избор за вас би бил Ford Fiesta бензинец 1.25, 1.4TDCi турбодизел моделот како и можеби најдобриот модел, а тоа е трицилиндричниот турбо бензинец 1.0 EcoBoost кој што има освоено дури 11 европски и светски награди.

Исто така, во случај најмногу да ви се допадне турбо бензинецот, важно е да се напомене дека тој повеќе страда поради преоптеретувањето како резултат на топлината која што се формира.

Во секој случај, она што може да очекувате е одлично, економично возило кое што нема да ве натера да одвоите големи средства за гориво.

Имено, според анализите на тимот на How to Cars кој тестираше скоро 700 автомобили Ford Fiesta, дизел, 95 КС троши само 4,6л / 100 км.

Покрај економичноста, Ford Fiesta е претпознатлив и по комфорот што го нуди, одличната организација на ентериерот, модерниот екстериер, а сите овие карактеристики комбинирани значат и одличен избор за секој возач!

Citroën C4 Cactus

Citroen C4 Cactus е фантастичен subcompact, crossover SUV автомобил кој што за прв пат се појавил на пазарот во 2014 година, но, оттогаш, истиот се прославил ширум светот најмногу поради одличниот изглед, модерниот дизајн и најважниот дел - ниската потрошувачка на гориво.

Citroen C4 Catctus 1.6 во просек е неверојатно економичен, бидејќи троши околу 3,4 литри на отворен пат, или 4,5 литри при комбинирано возење, што е неверојатно добро за компактен SUV автомобил.

Кога станува збор за удобноста, Citroen C4 Cactus заслужува пофалба бидејќи ентериерот е луксузен, седиштата се удобни, додека пак, целата опрема е распределена на интуитивен начин сѐ со цел да му биде се при „рака“ на сопственикот на ова возило.

Она што е исто така интересно се LED светлата со 3D ефект како и бамперите поставени на страните сѐ со цел да овозможат поголема заштита во случај на незгоди како и на гребнатинки кои се секојдневие во градското возење и при паркирање.

Воедно, овој „мал“ додаток го прави C4 Cactus еден од најмногу заштитените модели во subcompact SUV класата.

Mazda 3

Mazda 3 е еден од најпродаваните автомобили на јапонскиот производител Mazda, кој што се издвојува од останатите автомобили од compact класата по својата издржливост, квалитет и економичната потрошувачка која што е клучна за да во целост почувствувате зошто Mazda 3 е толку популарен.

Во поглед на потрошувачката, во зависност од моделот и годината на производство, Mazda 3 во просек би трошел околу 6 литри, но тоа може да се зголеми за литар во градски услови што не е воопшто многу.

Уште еден интерес факт за Mazda 3 е екстремно ниското согорување на CO2, кое што е доведено до толку ниско ниво што не е воопшто потребно SCR филтер.

Од аспект на дизајнот, овој модел е впечатлив и има уникатен, атрактивен дизајн кој што е доволно компактен за да можете да имате вистинско градско уживање како и лесно паркирање без воопшто да биде жртвуван вашиот комфор.

Имено, Mazda 3 има освоено награда во познатото натпреварување World Car Awards за автомобилски дизајн, а тоа однапред значи дека ентериерот и целокупниот дизајн се направени ќе направат да бидете задоволни во потполност.

Oвој резултат е постигнат благодарение на филозофијата Kodo на која што се заснова дизајнот на Mazda 3, а значењето се заснова на традиционалната јапонска уметност која се базира на строга минималистичка естетика и елеганција.

Во минатото, Kodo филозофијата се користела при обликување и сликање на глината, а во модерната доба, ова се рефлектира врз Mazda 3!

Ford Focus

Ford Focus серијата се едни од најуспешните линии на автомобили на Ford, впрочем, Ford Focus ја имаше титулата за најдобар автомобил во малата класа во 2019 година, а тоа уште од самиот старт значи дека овој модел заслужува да биде дел од вашиот возен парк.

Една од главните причини за толкавиот успех е економичноста, односно, во зависност од моделот, Ford Focus би трошел околу 6,5 литри/100км во градски услови, средната потрошувачка е околу 5 литри, додека пак, на отворен пат, таа изнесува неверојатни 4,2 литри.

Во поглед на дизајнот, Ford Focus наликува на вистински модерен, компактен автомобил кој што ќе му понуди неверојатна удобност на возачот, како и на останатите сопатници, бидејќи иако се работи за компактен автомобил, сепак, просторот е извонредно замислен и реализиран.

Од друга страна, Ford Focus е и динамичен автомобил кој што е одличен и за кратки, но, и за долги релации, издржлив е и може да ви биде од корист долги години, доколку, се разбира, истиот редовно го сервисирате и се грижите како што доликува.

За крај, Ford Focus е извонредна можност за искусни, но, и за возачи - почетници кои што сакаат да ги усовршат своите вештини пред да прејдат на посилни и поголеми возила.

Volkswagen Polo 1.4 TSI

Volkswagen Polo 1.4 TSI e извонреден компактен, градски автомобил кој што нуди фантастично возачко искуство, а економичното возење и огромниот избор на авто делови е само причина плус зошто токму овој модел на Volkswagen се пронајде во оваа листа.

Комбинирана потрошувачка на гориво е околу 4,7 литри, градското возење изнесува околу 5,8 литри, додека пак, на отворен пат, Volkswagen Polo 1.4 TSI троши 4,1 литри.

Се разбира, овие податоци може да варираат во пракса, бидејќи постојат многу фактори кои што влијаат врз потрошувачката, а еден од нив е и начинот на кој што го управувате возилото.

Исто така, важно е да се напомене дека овој автомобил има одлично организиран ентериер, одлична електронска опрема, фантастичен волан кој што ќе ви овозможи квалитетно возење, како и безбедносен систем кој што ќе ви гарантира максимална заштита на патиштата.

Volkswagen Golf 4 TDI

Volkswagen Golf 4 е последниот автомобил во оваа листа, а голем дел од публиката можеби и го очекуваше овој модел, бидејќи понудата и побарувачката е огромна на пазарот поради многубројни причини, а една од нив е економичноста.

Имено, просечната потрошувачка на Golf 4 TDI e помеѓу 5,5 и 5 литри во зависност од управувањето на возилото што само по себе е логичен одговор на прашањето зошто заинтересираноста за ова возило е толку голема.

Кога би погледнале од перспектива на квалитетот на возењето, дизајнот и ентериерот, многу лесно може да се каже дека Golf 4 TDI е доволно издржлив за да поминете огромна километража без никаков проблем (клучен е сервисот и навремената проверка и промена на моторно масло и потрошни делови).

Целокупниот квалитет на возењето е одличен за почетници, како и за веќе искусни возачи, а тоа е уште една причина поради која евентуалното купување на овој автомобил би бил одличен избор за вас.

Се надеваме дека оваа статија ви помогна да се здобиете со одлични информации кои ќе ви помогнат при одбирање на економичен автомобил.

Па, кој е моделот кој што Вие би го избрале токму поради ниската потрошувачка на гориво?

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе