Пазарниот инспекторат ќе пријави ноќен клуб од Струмица заради непочитување на прописите, менаџменот вели дека работат како кафе бар

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски за МИА изјави дека по петочната контрола на клубот „Аватар“ во Струмица утре ќе биде поднесена кривична пријава до јавното обвинителство заради непочитување на здравствени прописи за време на епидемијата на COVID-19.

– Инспекторите беа таму во петокот навечер, подготвен е записник и ќе биде поднесена кривична пријава заради тоа што ниту еден ноќен клуб во моментот не смее да работи, информираше директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

Од менаџментот на „Аватар“ велат дека работат како кафе бар и на отворено и дека се придржувале до сите протоколи и прописи.

– Сакаме да ги демантираме информациите во кои се вели дека сме ноќен клуб. Не се работи за ноќен клуб туку за кафе бар. Објектот е на отворено и работи согласно сите законски прописи. Масите се на соодветно растојание, на сите има средства за дезинфекција, вработените постојано носат заштитните маски.  Ние немаме надлежност да бараме гостите да носат лична заштита, тие самите одговараат за себе. Работиме на ист начин како и сите други угостителски објекти во градот. Не сме единствените, скоро во секој втор локал во градот, кој е за неколку пати помал од нашиот, има слични забави, но за тоа никој не реагира и не споделува фотографии и видеа по социјалните мрежи. Никој не реагира ниту за мешаниците што се прават на јавните површини каде треба да биде простор за движење граѓаните има поставено маси, а потребното растојание воопшто го нема, изјавија од „Аватар“.

Инаку, освен во Струмица инспекторите чешлале и други објекти во неколку други градови во државава.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Хроника

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Read more

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Read more

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе