Пазарните инспекциски контроли од денеска засилени со финансиска полиција

Пазарните инспектори од денеска ќе вршат контрола на угостителските објекти заедно со претставници на финансиската полиција кои имаат законско право да вршат легитимирање на гостите.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски ги предупреди угостителите дека овој протокол по барање на Комисијата за заразни болести продолжува да се применува.

-Да ги предупредиме угостителите дека и овој протокол по барање на Комисијата за заразни болести продолжува да се применува, а за да се легитимираат лицата, од денеска контроли ќе прави и финансиска полиција која има право да легитимира. Направен е разговор и со обвинител како да се постапува, нагласи Пауновски, додавајќи дека досега не е казнет ниту еден угостител кој дозволил четворица гости да седат на иста маса.

Според Пауновски, најголемиот број преземени мерки од повторното отворање на угостителските објекти досега се за служење гости во внатрешниот дел, недоволно обезбедени дезинфекциски средства и прекувремено работно време.

-Казните поднесувани во овој период, посебно кривичните, се за овие грешки на угостителите. Но, угостителите се казнувани и за нерегистрирана дејност. Многу од нив работеле како нерегистрирани или во почетокок на пандемијата се одјавиле, а сега пак почнале да работат како нерегистрирани. Такви има многу случаи и против нив се преземени мерки, рече Пауновски на прес-конференција во Владата.

Тој уште еднаш истакна дека мерките се носат за заштита на граѓаните, а не за некој да не ги почитува и да биде казнет. Од свеста и совеста на граѓаните ќе зависи дали ќе има казни или не, подвлече Пауновски.

На прашањето зошто се казнуваат хотелите кои примат гости кога со уредба не се затворени, директорот на Инспекторатот напомена дека е во тек носењето протоколи за нивно отворање.

-Владата и Комисијата за заразни болести во Уредбата 22 забранува работење на сите угостителски објекти. Во Законот за угостителство во член 18 и 19 многу убаво е нагласено што спаѓа во угостителска дејност. Тука се и хотелите. Одговорно тврдам дека Инспектратот работи согласно уредбите и членовите од законите. За отворање на хотелите се подготвуваат протколи, рече Пауновски.

На новинарско прашање дали се контролираат угостителските објекти и дали има казни во Тетово, тој беше дециден дека од отворањето на угостителските објекти досега 473 субјекти се исконтролирани, кај 36 се преземени мерки, 26 се затворени и изречени се пет кривични пријави.

– Контролите се зајакнати на ниво на цела држава, посебно во регионите како Куманово, Скопје, Тетово и околните опшптини, но се вршат и низ цела држава. Во Тетовско има инспектори, дополнително зајакнати со инспектори од Гостивар и Скопје. Контролите продолжуваат, од денеска зајакнати со финансиска полиција, МВР и ЕБР. Она што ние дадено како задача од Владата, ќе сториме максимум да го исполниме, дополни Пауновски.

Претходно, директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини информира дека најголемиот број казни за јавниот превоз досега се изречени поради непочитување на основните мерки согласно кои превозникот има обврска да ги деинфицира возилата, да го ограничи бројот на патници до максимум 50 отсто и да гарантира дека сите патници носат заштитни маски и ракавици.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе