Пецаков: Спроведувањето на дел од препораките на УНЕСКО би чинело колку општинскиот буџет за 1,5 година

Општина Охрид и Владата, односно ресорните министерства имаат одлична соработка во однос на спроведување на препораките за зачувување на статусот заштитено подрачје во УНЕСКО, потенцира градоначалникот Кирил Пецаков.

Тој во интервју за МИА посочи дека спроведувањето на дел од препораките за зачувување на статусот во УНЕСКО би чинело колку општинскиот буџет за една и пол година, но оти ги реализираат работите чекор по чекор. Со помош на централната власт, нагласи, работат на реализација на проектот за изградба на регионална депонија во Новаци, со што ќе се дислоцира депонијата од Буково, како една од забелешките на мисијата.

Во однос на проблемот со дивоградбите во крајбрежниот појас и националниот парк „Галичица“ Пецаков вели дека е потребно да заврши изработката на регистарот за дивоградби и да се донесе генерален урбанистички план, во кој треба да се вклопат дел од споменатите објекти.

– ГУП-от очигледно е најголемиот проблем на Охрид и генерирањето на овие дивоградби, бидејќи конечната бројка што ќе ја добиеме како дивоградби во Охрид не се однесува за згради, туку најчесто се семејни куќи и куќарки, дури и многу далеку од центарот на градот. Затоа е битно да се види што е тоа што може да се вклопи, рече Пецаков.

На охриѓани и оние кои ова лето планираат да го посетат охридското крајбрежје им вети дека ќе направи се да уживаат на уредени плажи, онакви какви што му доликува на Охрид. Локалната самоуправа, нагласи, организира низа забавни содржини кои ќе привлечат што поголем број посетители надвор од таканаречениот шпиц на туристичката сезона, а една од тие е „Фестивалот на вода“, што треба да се одржи во втората половина на август. Покрај Охридскиот пливачки маратон оваа манифестација ќе понуди акватлон, трка со кајчиња, ватерполо, регати со едрилици, со кајаци..., но и вечерни забави.

Во интервјуто Пецаков говори и за реализацијата на клучните инфраструктурни проекти ветени во неговата предизборна програма, како што се изградбата на катна гаража, реконструкција на плоштадот „Крушевска Република“ инвестициите во образовниот систем, а најави и изградба на две нови училишни згради.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Македонија

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Read more

Нов сквер со футуристичка инсталација ќе го разубави платото пред Општина Центар

Read more

МНР реагирало до Европскиот парламент за северномакедонска влада: Грешката е коригирана

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Read more
 

Вести

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Читај повеќе

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Читај повеќе
  • filter

Нов сквер со футуристичка инсталација ќе го разубави платото пред Општина Центар

Читај повеќе

МНР реагирало до Европскиот парламент за северномакедонска влада: Грешката е коригирана

Читај повеќе

Командант на НАТО: Милијарда луѓе се изложени на ризик поради подморските војувања

Читај повеќе
  • play_arrow

Андерс Рослунд во Скопје: Генијалниот автор на крими жанрот доаѓа на Саемот на книга

Читај повеќе

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Читај повеќе

Временски сензации – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски

Читај повеќе