УЕФА ЕУРО 2020

Пеце Суперхикс: Никој не е избришан од химната за ЕУРО

Филип Здравески
/ 09.04.2021 / 15:55

Еден од учесниците во снимањето на химната наменета за историскиот настап на македонската фудбалска репрезентација на претстојното ЕУРО, демантира дека имиња биле бришени од текстот по интервенција на луѓе од ФФМ.

Фото: Петар Младеновски на Facebook

Откако ФФМ објави краток дел од химната, одредени медиуми објавија сензационалистички вести во кои велеа дека раководството на ФФМ вршело притисот врз исполнувачите од текстот на химната да биде избришано името на селекторот Игор Ангеловски. Петар Младеновски со прилично долг статус на неговиот Facebook профил ги демантираше таквите бесмислици и ја објасни целата ситуација.

„Во рамките на проектот 'Одиме на Европско' – спортска химна за ЕУРО 2020 на македонската репрезентација, понудени се 3 верзии од истата. Во некои се споменуваат дел од фудбалерите, во една селекторот и дел од фудбалерите, во дел не се споменуваат имиња. Наша сугестија беше да оди верзијата во која се споменуваат дел од најважните фудбалери и селекторот. Сметавме дека таквата варијанта на темата е најдобрата и дека таа треба да оди во етер“, вели Петар Младеновски, познат како фронтмен на бендот „Суперхикс“.

Пеце, заедно со Саше Љолес, Танче Гроздановски, Никола Бочваров и Слободан Хаџи Илиев го сочинуваат бендот „Вис Рисови“ формиран токму за исполнување на навивачката химна.

„Разни гласини стигнуваа до нас за тоа како и што било или би било сугерирано и која варијанта би можела да биде дефинитивна. Со претседателот на ФФМ, г-дин Сејдини, ниту сме се сретнале, ниту разговарале на оваа тема некогаш. Односите меѓу лица вработени во ФФМ ниту смееме, ниту сакаме, ниту сме должни да ги коментираме. При снимањето на сцените со дел од фудбалерите, апсолутно не постојат сцени во кои е намерно изоставен селекторот и истиот е вклучен во групните, онаму каде што и е предвидено да биде вклучен според сценариото на продукцијата и барањата на режисерот“, додава тој.

Всушност, од самата ФФМ за конечна верзија ја одбрале токму верзијата во која се пее и за селекторот.

„Од господата од ФФМ за конечна варијанта е одбрана темата која и самите сакавме да оди како официјална варијанта, а таа е онаа која е и објавена во вид на краток тизер од 30-ина секунди. Истата е студиски снимана во студиото Studio 1060 и миксана и мастерирана во студиото на Валентино Скендеровски пред само два дена. Ниту некој можел до денес ниту смеел да ја слушне финалната верзија, ниту би знаел како таа треба да звучи“.

„Да поентираме на самиот крај со вистините околу оваа 'драма'. ФФМ ја прифати без збор оригиналната песна и текст, односно, прифати сѐ што ние како музичари предложивме. И деновиве се реализираат сите предвидени активности и се оди по зацртаниот план (наскоро следува промоција и специјално шоу за промоција на спотот и самата песна). И најважното, и она што е карактеристично како класичен македонски синдром кој не би требало никогаш повеќе да се повтори, никаде, а тоа е дека од убава работа и проект и приказна одредена редакција или портал, сака да поентира со ситни поени со сензационализам“, завршува Пеце.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе