Печен чипс од компири на четири начини
Како да направите печен чипс од компири на четири различни начини? Подготовката е навистина едноставна, исечете ги компирите на тенки кругови, ставете ги во подлабок сад и додадете ги потребните состојки.
Во првиот начин се додава масло, по една лажица црвен пипер, чили во прав, кафеав шеќер, лук во прав, црн пипер и сол. Сето тоа добро измешајте го и наредете ги круговите компир во тепсија. Печете половина час на 175 степени. Вториот начин е сличен, но со додавање на столчени крекери од сирење наместо зачини. Во третиот начин круговите компир стојат половина час во оцет. Потоа ги цедите компирите и додавате една лажица сол, црн бибер и печете. Четвртиот начин може и да експериментирате со микс од зачини, сецкано младо лукче, сол, црн пипер.