Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Печурките може да се подготват на милион начини, а овој е еден од најдобрите рецепти отри вкусот е - да го цитираме Чендлер - перфекција.

Печурките можете да ги послужите како прилог или како главно јадење. Направете прилог од печурки во кремаст сос од павлака за готвење и кашкавал. Вака подготвените печурки можете да ги послужите со месо, но и со салата.

Потребни состојки:
  • 400 гр печурки
  • 150 гр чери домати
  • 1-2 чешниња лук
  • 200 мл павлака за готвење
  • малку беби спанаќ
  • 50 гр кашкавал
  • магдонос
  • масло
  • сол
  • бибер
Подготовка:

Добро исчистете ги печурките, но немојте да ги миете. Доволно е да ги исчистите со крпа. Потоа истурете малку масло во тавата и пропржете ги печурките цели. Кога ќе бидат готови додадете ги чери доматите исечени на половинки и измешајте. Потоа додадете ситно сечкан лук, измешајте и по една минута прелијте со павлаката за готвење. Посолете и побиберете, промешајте и динстајте додека не почне да врие. Кон крајот додадете спанаќ и рендан кашкавал, па повторно сè убаво измешајте. Оставете уште неколку минути на шпорет, а потоа посипете со сечкан магдонос и послужете.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Која секс поза и секс играчка се најпопуларни во Македонија?

Read more

Со што се дрогираат Македонците?

Read more

Рецепти

Ребра глазирани со мед и пекарски компир

Read more

Виенски шницли со сос од печурки

Read more

Маринирано пилешко со зеленчук во ароматичен сос

Read more

Брзо и вкусно: Говедско со кромид и лук во пикантен сос

Read more
 

Магазин

Родителски навики што можат да ја нарушат самодовербата кај децата

Читај повеќе

Невролог откри два рани симптоми кои укажуваат на деменција

Читај повеќе

Еден вид мачки се сметаат за најмирни домашни миленици: Совршено се вклопуваат во секој дом

Читај повеќе

Што е exercise snacking? Метод на вежбање што не треба да го планирате во вашиот распоред

Читај повеќе

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Читај повеќе

Зошто треба да почнете редовно да кревате тегови?

Читај повеќе

Кој е најпреценетиот зеленчук кој баш и не мора да го јадеме?

Читај повеќе

Ребра глазирани со мед и пекарски компир

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемата туристичка стапица во Италија

Читај повеќе