Воспаление на слепото црево е всушност оток и инфекција и претставува итен случај.

И кај возрасните, и кај децата потребно е да се реагира на првите симптоми и да се побара лекарска помош. Кога слепото црево ќе се блокира, бактериите се шират и многу често може да предизвикаат опасна инфекција.
Воспалението на слепото црево (апендицит) не е заразна состојба, а најчесто ги погодува децата и тинејџерите. Иако ретко, понекогаш може да се појави кај доенчиња.
Првите знаци на воспаление на слепо црево често се малку покачена температура и болка во долниот дел на стомакот. Како што објаснуваат педијатрите, овие болки најчесто се засилуваат. Ако детето чувствува абдоминална болка, родителите треба да обрнат внимание и на преостанатите знаци кои може да укажуваат на апендицит. Тоа се:
- висока температура
- ненадејно губење на апетит
- гадење и повраќање
- дијареа
- отечен стомак.
Ако болката постепено се шири низ стомакот и е многу интензивна, тоа може да значи и дека пукнало слепото црево, предупредуваат педијатрите. Во овој случај, често се јавува телесна температура над 40 степени Целзиусовии бара итна лекарска интервенција.