Пејачката Долорес O'Риордан како дете била жртва на сексуално насилство

Долорес О’Риордан, пејачката на бендот „Кренберис“ жената на чиј глас сите се восхитувавме, почина вчера на 46 години. Долгогодишната битка со депресијата е резултат на сексуалното злоставување кое го доживеала кога била дете, односно на само осум години.

Долорес беше пронајдена мртва во хотелска соба во Лондон, а полицијата излезе со кратко соопштение дека починала под „неразјаснети околности“ и дека истрагата е во тек.

Набргу откако тажната вест го обиколи светот, нејзини колеги и обожаватели на социјалните мрежи ја искажаа својата тага преку разни нејзини стихови, сеќавање на концерти, но и стари новинарски текстови.

Меѓу нив се најде и едно постаро интервју, во кое Долорес зборува за депресијата и биполарното пореметување.

Долорес во 2013 година се обидела да изврши самоубиство.

Мајката на три деца се предозирала, бидејќи страдала од депресија која резултирала со нервен слом.

„Се мразев самата себеси и се обидев да се предозирам. Омразата која ја чувствував кон себе се манифестираше преку моето однесување – пореметување во исхраната, нервни напади, се обидев и да се убијам, но не успеав, судено ми е да останам овде, покрај моите деца“, изјавила пејачката во 2014 година.

Набргу после ова признание, следеше и сеќавање на еден немил настан поради кој се мразела самата себеси.

Пејачката откри дека била жртва на сексуален предатор во осмата година од животот.

„Имаше моменти кога се борев. Смртта на моите татко и свекрва ме поразија. Кога ќе погледнам наназад, мислам дека депресијата, која и да е причината за неа, е најлошата работа низ која поминувате“, изјавила пејачката.

Долорес ќе остане запаметена по својот неверојатен глас и неколкуте безвременски хитови кои ги остави зад себе.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Музика

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more
 

Сцена

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе