Пејачот Морисеј застана во одбрана на Кевин Спејси

Поранешниот пејач на „The Smiths“ Морисеј предизвика бурни реакции поради интервју дадено за германски медиум, во кое застанува во одбрана на Кевин Спејси околу обвиненијата за сексуално вознемирување.

Морисеј изјави дека филмската ѕвезда „непотребно ја напаѓаат“, додавајќи дека е апсурдно Спејси да биде исфрлен од новиот филм кој допрва треба да излезе.

Британскиот пејач исто така истакна дека дефинициите за „вознемирување“ се премногу проширени.

Започнувајќи го интервјуото, Морисеј напомена дека за него „силувањето е одвратен чин и секој физички напад е неприфатлив“.

Минатиот месец, актерот Ентони Реп го обвини Кевин Спејси за сексуално вознемирување кога имал само 14 години.

Реп изјави дека тогаш Спејси, кој имал 26 години, легнал преку него за време на журка во неговиот апартман во 1986 година и „се обидел да го заведе“.

Спејси потоа излезе со соопштение дека не се сеќава на инцидентот, но дека му е многу жал ако тоа е вистина и се извини.

Според Морисеј, тврдењата на Реп не се многу „кредибилни“.

„Не знам за вас, но јас никогаш не сум бил во таква ситуација во младоста. Сепак, секогаш бев свесен што може да се случи. Кога сте во нечија спална соба, морате да бидете свесни до што може тоа да доведе“, објасни Морисеј.

Пејачот исто така го изрази своето сомневање и во бројните обвиненија против холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн.

„Луѓето точно знаат што се случува и се согласуваат на тоа. После тоа, се чувствуваат засрамени и ја извртуваат целата ситуација, тврдејќи дека биле нападнати или изненадени“, вели Морисеј.

„Но, ако се поминало како што треба и таа средба да им значела многу за кариерата, тогаш не би зборувале за тоа. Мразам силување, меѓутоа, во некои случаи, кога ќе ги разгледате сите околности се чини дека многу наводни жртви се само разочарани“, истакна Морисеј.

Покрај ова, пејачот додаде и дека многу познати музичари спиеле со малолетни обожавателки.

„Низ целата историја на рокенролот многу музичари спиеле со групи на девојки. Ако погледнете во минатото, речиси сите тие се криви за спиење со малолетнички. Зошто тогаш сите не ги осудите со затворска казна“, заклучи Морисеј.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Филм & ТВ

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Read more

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Read more
 

Сцена

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе