Пејачот на Rammstein бирал девојки од концертите, потоа ги дрогирал и силувал

Германската влада побара мерки за заштита на женската публика на домашниот култен метал бенд „Rammstein“, по обвинувањата против пејачот на групата за сексуална злоупотреба.

„Особено младите мора да бидат подобро заштитени од агресија“, изјави германската министерка за семејство Лиза Паус од Зелената партија, додека „Rammstein“, еден од најпознатите европски метал бендови е на турнеја низ целиот континент.

Посебно, министерката предложи на концертите да се воведат заштитни зони за жени и тимови кои би можеле да интервенираат во случај на сексуална злоупотреба.

Треба брзо и конкретно да разговараме за заштитните мерки, побара министерката, истакнувајќи дека би било „корисно да се води сериозна дискусија за одговорноста на уметниците и организаторите кон посетителите на концертот“.

Пејачот Тил Линдеман е обвинет за сексуална злоупотреба од неколку жени, објавија деновиве државната телевизија NDR и весникот Süddeutsche Zeitung.

Пејачот е осомничен дека избрал група девојки од првите редови на концертите кои ги поканил на забавата по концертот. Две девојки тврдат дека на тие забави биле дрогирани и принудувани на секс, што бендот го демантираше.

Според истрагата на неделникот Die Welt, опишан е целиот систем во службата на пејачот, во кој девојките од првиот ред биле снимани и фотографирани за Линдеман (60) да може да ги избере оние што му се допаѓаат.

Оваа недела на „Олимпиаштадион“ во Минхен треба да се одржат четири концерти, каде што нема да има први редови пред бината од која пејачот избирал девојки.

„Организаторот нѐ информираше вчера дека нема да има простор за Row Zero или забава по концертот овде“, изјави за AFP, Тобиас Колер, портпарол на стадионот на кој ќе настапи бендот.

„Rammstein“, кој е основан во 1994 година и се откажа од провокациите во своите музички спотови, во наредните недели треба да одржи концерти во Франција, Италија, Швајцарија, Шведска, Белгија, Холандија, Полска и Австрија.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Музика

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more

Бијонсе разголена за новиот албум

Read more

Како Фахрета Јахиќ стана Лепа Брена?

Read more

Северина: Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе