Регион

Пејачот Шабан Шаулиќ загина во сообраќајка

17. февруари 2019 - 14:58 | МИА/КАЈГАНА

Српскиот пејач Шабан Шаулиќ, познат како Кралот на српската народна музика, загина денеска во тешка сообраќајна несреќа во Германија.

Како што објавија српските медиуми, Шаулиќ во автомобилот бил со својот кум и уште едно лице.

Двајцата веднаш биле пренесени во болница, но пејачот, иако лекарите до последен момент се бореле за неговиот живот, им подлегнал на повредите.

Несреќата се случи во околината на Билефелд, на пат кон Дортмунд.

Шаулиќ се наоѓал на совозачкото седиште во возило Seat, во кое удрило возило Mazdа.

Полицијата утврдила дека 34-годишниот возач на возилото Mazda бил пијан и немал возачка дозвола.

Возачот на возилото Mazdа и сопатниците на Шаулиќ се повредени.

Коментирај