Пејџ Вулен: Instagram убавица која лови неверни мажи
Сексапилната Пејџ Вулен од Калифорнија има над 225.000 обожаватели на Instagram, а води и посебен профил на кој ги документира непримерните коментари и непристојните предлози од различни мажи.
Пејџ вели дека многу мажи ѝ праќаат безобразни приватни пораки, а на профилните фотографии се со нивните девојки. Токму затоа се одлучила да им помага на девојките во откривањето дали нивниот партнер би ги изневерил.
„Повеќето од нив не ми одговорија или ми напишаа навредлив одговор, а некои искрено ми кажаа дека имаат девојка“, напиша Пејџ, додавајќи дека само неколкумина излажале дека се самци.
Некои од нив ги фатила во лага, а некои почнале и да ја навредуваат нарекувајќи ја проститутка.